Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чавков излегува од притвор, Апелација ја потврди гаранцијата во имот

2
By Нова ТВ on April 30, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Плусинфо
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 30, 2018 16:57

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, ќе излезе од притвор. Апелацискиот суд во Скопје ја потврди одлуката на Кривичниот суд Чавков со недвижен имот да гарантира дека нема да избега ако излезе од истражниот затвор „Скопје“во Шуто Оризари каде издржува мерка притвор, како обвинет за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година.

Обвинителството за организиран криминал поднесе жалба на одлуката на Кривичен, но Апелација ја одби со што одлуката станува правосилна.

За сега Чавков останува во притвор во „Шутка“, додека не се попише целиот имот во вредност од 600.000 евра кој го става под гаранција.

Заради обезбедување присуство во текот на постапката се очекува судот да определи и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница како и обврска еднаш неделно да се јавува во судот.

Претходно Врховниот суд одлучуваше по жалбата на Чавков и го пушти во домашен притвор, но само ден подоцна кога беше подигнато обвинението за 27-ми април, со одлука на Кривичен тој беше вратен во „Шутка“.

Тогаш претседателот на судот извести дека полицијата не го пронашла Чавков на адресата определена од Врховен, а неговата одбрана одговори дека Врховниот суд погрешил и му впишал стан на МВР кој пред повеќе месеци го напуштил.

Чавков е шесто обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во притвор се и останатите вработени во МВР, шефот на обезбедувањето на Вељаноски, Горан Ѓошевски, и екс началникот во МВР, Оливер Поповски, кои исто така со имот гарантираа дека нема да бегаат. Кривичен и за нив дозволи да се бранат од слобода, но Обвинителството веќе поднесе жалба и за нив. Сите се обвинети за настаните во Собранието од 27-ми април лани.

Апелација гаранција Митко Чавков потврдена притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.