Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што договорија Димитров и Коѕијас во Солун, ќе се знае во Атина

5
By Нова ТВ on May 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 5, 2018 09:44

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас вчера во Солун ги разгледувале можните комбинации за двете преостанати потешки прашања во преговорите за спорот со името.

Во изјавите по билатералната едно ипол часовна средба на маргините на состанокот на премиерите од регионот, тие останаа воздржани за деталите и единствено најавија нова тет -а-тет средба за една седмица, на 12 мај на конференцијата во Сунио, а потоа и средба со медијаторот Метју Нимиц.

Во меѓувреме, за деталите од вчерашната средба ќе ги информираат премиерите на двете земји.

– Како што знаете разлики се уште има. Ова што вчера и денеска го правевме е испитување комбинации, кои едната или другата страна би можеле да ги прифатат, и тоа е нашата задача. За овие елементи треба да разговраме и дома и да ја искористиме и следната средба, Прашањето е комплексно и влогот е многу голем, рече Димитров.

Тој истакна дека не е тајна оти главните разлики остануваат во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и прашањето за опсегот на употреба на новото име.

– Целта на преговорите е да најдеме чесно, одржливо и трајно решение, што и двете страни ќе можат да го прифатат. Главно е дека решението треба да продуцира пријателство, а не фрустрации. Само такво решение ќе биде одржливо и трајно, додаде тој.

Грчките медиуми ја пренесуваат изјавата на Димитров, дека има време да се реши прашањето за името до крајот на јуни.

 

„Во трка сме со со времето за да се постигне договор на време за состанокот на Европскиот совет и самитот на крајот од јули“, објави грчката агенција АНА МПА, потсетувајќи дека „Европската комисија препорача почеток на преговорите за пристапување за ПЈРМ, под услов да го реши проблемот со името со Грција“.

Коѕијас: Ќе биде штета, толку многу работа да пропадне

Коѕијас на прес-конференцијата во Солун изјави дека има впечаток оти другата страна верува дека е дојдено крајно време прашањето да се реши и смета дека има извесен напредок во преговорите.

Според него, на двете страни им е јасно дека не треба да се гледа кусогледо, туку треба да се фокусираат на решавање на проблемот.

– Сите созреавме преку преговорите, тоа не го мислиме само ние туку и другата страна и се надевам никого нема да разочараме, рече Коѕијас.

-Ние направивме толку многу работи, мојот пријател Димитров и јас, во изминатите неколку месеци, ќе беше жално, ако сето тоа не донесе ништо, одговори Коцјаа на прашањето за изгледите за договор. Тој додаде дека двајцата министри ќе одат до самиот крај во потрагата по решение.

-Велиме дека се гледаме повеќе почесто отколку што ги гледаме нашите семејства, се пошегува тој.

Фото: Ана МПА

Запрашан дали постигнале договор за името “erga omnes”, грчкиот министер за надворешни работи изјави дека кога тоа ќе се случи, тој “ќе организира прослава”.

И шефот на грчката дипломатија вели дека останува да бидат решени едно до две клучни прашања.

– Мислам дека денеска смисливме многу алтернативи, не стигнавме до одлука, ќе треба да ги известиме и нашите премиери. Ако одлучиме за овие алтернативи, тогаш ќе бидат созреани условите за средби на повисоко ниво, но за тоа, секако, не одлучуваат министрите за надворешни работи, туку нивните шефови, кои кога ќе ги направиме чекорите, што се надевам дека ќе ги направиме, ќе можат да остварат контакт и самите да се договорат за нивните средби. Но, мислам дека треба до крај да се бориме за да се најде ова решение, рече Коѕијас.

Новата средба на шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц, ќе биде на 12 мај (сабота) во Атина.

Никола Димитров и Никос Коѕијас, еден ден по учеството на конференцијата што ќе се одржи в петок во Сунио, ќе се сретнат со специјалниот претставник на ОН.

Хан се коригира: Изјавата беше погрешно разбрана

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, пак, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана.

-Тоа беше грешка, има и снимка. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели (a couple of weeks) може да се најде решение, а не за две недели (two weeks). Тоа значи дека сметам дека во блиска иднина е можно решение за спорот за името, изјави Хан.

Хан повтори дека по препорака на Европската Комисија за старт на преговори “најважно сега е да се најде решение за спорот за името“ за земјите членки да ја одобрат оваа препорака.

Македонија се надева дека прашањето за името ќе се реши до Самитот на ЕУ во јуни од кој очекува датум за почеток на преговорите, како и покана за членство на јулскиот Самит на НАТО.

Димитров Коѕијас Солун средба Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.