На бугарските воени гробишта во Ново Село, струмичко денеска беше одбележан „Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија“.
На чествувањето присуствуваа бугарскиот претседател Румен Радев, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, амбасадори, поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан, владиците Наум и Климент, претставници на локалната власт и граѓани од двете земји.
Поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан во сослужение со владиците Наум и Климент одржа света упокоена литургија за загинатите војници закопани на овие гробишта.
Бугарските воени гробишта во Ново Село се обновени пред 12 години и во нив се закопани посмртни останки на 71 војници кои се бореле на страната на бугарската армија во различни војни.„„
„Добрите традиции на современа Европа покажуваат дека земји кои дури војувале една против друга, денес можат заедно да ги почитуваат своите мртви, испраќајќи порака за помирување и единство. Овој цивилизиран дух наоѓа место и на Балканот. Со децении бевме сведоци како споменици и гробови на бугарски офицери и војници надвор од границите на денешна Бугарија, беа уништувани.Денес времињата се други, активните мерки за приближување и зајакнувањето на врските помеѓу нашите држави, се подржани од луѓето од двете страни на границата и тоа е најсилниот доказ дека одиме во вистинска насока“ рече бугарскиот претседател Радев.
Претседателот на Бугарија Радев денеска во Ново Село беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој потоа замина за Дојран, каде попладнево ќе одржат и работна средба.