Навалната линија на Баерн ќе биде со Франк Рибери и во наредната сезона. Францускиот интернационалец стави потпис на нов договор со Баварците според кој ќе остане на „Алијанц арена“ до летото во 2019 година. Неговата соработка со бундеслигашот беше со рок на траење до крајот на тековната сезона, но клупското раководство реши да го задржи крилниот напаѓач кој пристигна во Минхен од Олимпик Марсеј во 2007 година. Во 11 досегашни сезони во дресот на Баерн, Рибери забележа 385 настапи во кои постигна 117 гола во сите натпреварувања.
Баерн е втора меѓународна станица во кариерата на поранешниот репрезентативец на „триколорите“. Како член на Мец во 2005 година беше испратен на позајмица во Галатасарај пришто турскиот великан доби прави за откуп на договорот. Но, Рибери на крај на сезоната побара раскина на соработката поради неисплатена заработувачка, со случајот се позанимава и Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) која пресуди во негова корист.
На тој начин стигна на „Велодром“ во Марсеј и по првата сезона во дресот на Олимпик имаше одлични настапи на Светското првенство во Германија во 2006 година. Тие беа доволна препорака за управата на Баерн да биде брза и упорна за добивање на неговите услуги.