Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР започна постапка за однесување на амбасадорот Наумовски

2
By Нова ТВ on May 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 8, 2018 08:58

Во Министерството за надворешни работи во тек е постапка за расчистување на случајот со амбасадорот на Македонија во САД, Васко Наумовски кој неодамна за време на посетата на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на САД, воопшто не стапил во контакт со делегацијата, ниту пак се појавил на некоја од средбите, објави МКД.мк.

-Амбасадата на Македонија во Вашингтон беше информирана за посетата на вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска на САД. Амбасадорот Васко Наумовски не ја пречека, ниту пак ја испрати делегацијата од МО, воопшто не стапи во контакт со делегацијата, ниту пак изрази каков било интерес за текот на посетата. Недозволиво е за вака исклучително значајна посета, без разлика дали бил формално предвиден во нацрт–програмата на Министерството за одбрана, амбасадорот да не се појави, се вели во одговорот на МНР на прашањата на МКД.мк.

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска по враќањето од Вашингтон за ТВ Телма изјави дека амбасадорот на Македонија во САД, Васко Наумовски ниту ја пречекал ниту ја испратил по нејзината посета и средбите со највисоки функционери во Пентагон и во Стејт департментот.

-Се согласувам дека е скандалозно да нема интерес да биде на тие средби, кои по цели 6 години повторно се на највисок ранг, рече Шеќеринска. Таа смета дека е сосема легитимно правото на амбасадорот да биде со друго политичко убедување, но не го разбира потегот на Наумовски да постапува така кога се во прашање државни работи.

Но, ова не е првпат Наумовски да не ги почитува правилата на службата. Во јануари, во улога на преговарач во спорот за името, по средбата со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис и медијаторот Метју Нимиц, тој без претходно да ги информира надредените и без консултација во изјава за медиум даде оценка на предлозите што Нимиц им ги доставил, нарекувајќи ги “ далеку од достоинствено решение“.

Оваа негова изјава беше протолкувана како изјава на партиски војник, а не на дипломат. Кусо време потоа Наумовски беше изземен од преговарачкиот тим.

Наумовски во Владата на Груевски беше вицепремиер за евроинтеграции, по што во ноември 2014 година беше назначен за амбасадор на Македонија во САД. Неговиот мандат истекува годинава.

 

МНР Наумовски САД Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.