НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов чека извештај од Димитров и Заев за разговорите за името

0
By Нова ТВ on May 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој вчера наутро се вратил од посетата на Турција не е информиран за исходот од последната средба на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕиас со амбасадорот Метју Нимиц.

 Од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија информиираат дека на 29 март, а по најавената можност за одржување на консултативна средба на државно-политичкиот врв за 2 април 2018 година, преку допис побара од Министерството за надворешни работи писмено да бидат доставени:

 –  Извештај од билатералната средба на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Претседателот на Владата на Република Грција Алексис Ципрас, одржана на 24 јануари 2018 година за време на Светскиот економски форум во Давос, на која се повикуваат двете страни како рамка за водење на разговорите,

 –  Нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција, и нацрт-текстот на билатералната спогодба доставена од македонска страна на 20 март 2018 година, вклучувајќи и информација за тимот што од македонска страна учествувал во изготвувањето на документот,

 – Извештаи од билатералните разговори на министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕиас.

 Претседателот Иванов смета дека е неопходно да биде информирана и македонската јавност за текот на разговорите во процесот за надминување на разликата околу името.

Лидерска средба за разговорите за спорот за името, вчера побараа и од ВМРО ДПМНЕ. Премиерот Заев денеска соопшти дека лидерска средба ќе има кога сите политички учесници ќе бидат во земјава – тој напомена дека Иванов е во Турција,а министерот за надворешни работи од денеска е во посета на Холандија.

„Денеска подготвен сум да одржам состанок со шефот на опозицијата, доколку тој заклучи дека треба да го има. Тие побараа лидерска средба, а како ќе одлучат јас им стојам на располагање, да ги информирам пред да одиме на средбата во Софија, а, секако, подготвен сум и по Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија да ја свикам лидерската средба, кога на неа би биле сите присутни. Но, повикот е на шефот на опозицијата, а јас стојам на располагање во координација со него, така и да ја организираме средбата“, нагласи Заев.

 

Иванов спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.