НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп призна: Ја платил порно актерката да молчи за нивната средба

24
By Нова ТВ on May 17, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп призна по првпат дека платил повеќе од 100 илјади долари на поранешниот личен адвокат Мајкл Коен, за да ја замолчи порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивната врска.

Трамп и негови соработници претходно негираа дека на Даниелс и биле дадени 130 илади долари преку адвокатот Коен, пред претседателските избори во 2016 година, за да не зборува за интимната средба со Трамп во 2006 година, објавуваат американски медиуми.

Документот со признание што го потпиша Трамп, а го објави американската Канцеларија за владина етика, предизвика и коментари меѓу демократите и невладините организации за можно кршење на законот за финансирање предизборни кампањи, а кој бара јавно објавување трошоци за вршење влијание врз избори.

Кон крајот на март, Даниелс во интервју за американската ТВ мрежа Си – Би – Ес признава дека само еднаш имала секс со Трамп во 2006. година, откако се запознале на голф турнир на езерото Тахое.

Даниелс наводно неколку дена пред претседателските избори во ноември 2016 потпишала договор со кој се обврзува да молчи за аферата со Трамп. За тоа, како што наведува добила 130.000 долари. Потоа во јануари годинава потпишала изјава со која негира каква било афера. Но таа изјава како што тврди се покажала дека е невалидна, бидејќи не била потпишана од Трамп.

Таа на 6 март поднела  тужба против претседателот, наведувајќи дека Трамп никогаш не го потпишал договорот со неа за таа да молчи во врска со интимните односи меѓу нив.

Адвокатот на порно ѕвездата Сторми Даниелс, Мајкл Авенати кон крајот на март поднесе барање до судот, претседателот на САД Доналд Трамп да сведочи под заклетва, во врска со тврдењата на неговата клиентка дека имала односи со Трамп пред 12 години.

Даниелс порно актерка Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.