Олеснување во Милано и во Ферара, мало гратче во Емилија Ромања, незадоволство во Калабрија. „Росонерите“ ја декласираа Фиорентина со 5:1 во натпревар од последното коло во Серија А за оваа сезона и го потврдија шестото место на табелата што гарантира директно учество во групната фаза во Лига Европа за сезоната 2018/19.
СПАЛ, пак, со 3:1 ја совлада Сампдорија и остана надвор од „црвената“ зона што значи преселба во Серија Б. Но, таква судбина не успера да избегне Кротоне. Наполи со 2:1 триумфира на „Сан Паоло“ и ги испрати гостите во Втора лига за наредната сезона.
Во моментот се играат последните два меча за комплетирање на колото и воопшто сезоната. Лацио е домаќин на Интер во директен судир за Лигата на шампиони додека Рома е на гости кај Сасуоло во меч без резултатско значење.
Серија А
Резултати, 38 коло
Милан – Фиорентина 5:1
Калјари – Аталанта 1:0
Киево – Беневенто 1:0
Наполи – Кротоне 2:1
СПАЛ – Сампдорија 3:1
Удинезе – Болоња 1:0
Џенова – Торино 1:2
Јувентус – Верона 2:1
Лацио – Интер (во тек)
Сасуоло – Рома (во тек)
Табела: Јувентус 95, Наполи 91, Рома 75 (-1), Лацио 72 (-1), Интер 69 (-1), Милан 64, Аталанта 60, Фиорентина 57, Торино 54, Сампдорија 54, Сасуоло 43 (-1), Џенова 41, Киево 40, Удинезе 40, Болоња 39, Калјари 39, СПАЛ 38, Кротоне 35, Верона 25, Беневенто 21.