НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кралот е крунисан: Реал М. по десетти пат ја покори кошаркарска Европа

0
By Нова ТВ on May 21, 2018 СПОРТ
Фото: euroleague.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реал Мадрид е нов кошаркарски шампион на стариот континент. „Кралевите“ во евролигашкиот меч за титулата за оваа сезона триумфираа над Фенербахче со 85:80 (по четвртини: 21:17, 17:23, 25:15, 22:25) и по јубилеен десетти пат се искачија на победничкиот подиум.

„Направивме одлична работа вечерва и во петокот. Ова е неверојатна сезона за нас. Имавме многу проблеми, во декември бевме во ситуација да играме натпревар со седум играчи. Но, успеавме да пребродиме се. Имавме наш план и останавме фокусирани на него. Реал Мадрид е Реал Мадрид. Горд сум на моите играчи, горд сум на кошаркарите кои се европски прваци“, вели Пабло Ласо, тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо.

Фабиен Козер беше најефикасен во белградска „Штарк арена“ со 17 поени, Лука Дончич го заврши финалето со 15 коша и четири асистенции и го понесе признанието за МВП на Фајналфор викендот додека Треј Томпкинс уфрли 10.

„Играме како тим и кога победуваме и кога губиме. Имав верба во своите соиграчи, но и во фановите кога беше тешко. И тие веруваа во нас иако некои други беа подготвени да нè отпишат. Немам зборови. Неверојатно е чувството да се биде шампион на Европа по вторпат во една иста сезона. Беше тешко да се стигне до овде, одигравме одлично во одбрана, имавме срце и глава и мислам дека ја заслуживме титулата“, истакна Дончич, потенцијалниот прв пик на драфтот во НБА лигата.

Жељко Обрадовиќ не успеа до титула на домашен терен со тимот на Фенербахче. Трофејниот српски кошаркарски стручњак го призна поразот, му честита на Реал Мадрид пришто истакна дека нијанси го решија победникот во финалето.

„Мечот беше прилично израмнет. Тие успеаја да го прекршат натпреварот во второто полувреме. Клучот беше во нашата одбрана што не беше на ниво на кое требаше да биде и на кое беше во изминатиот период. Но, мора да кажам дека промашивме и некои неверојатни зицери. Бевме целосно деконцентрирани и примивме поени што се нетипични за дефанзивата што вообичаено ја играме“, нагласи Обрадовиќ.

Бронзениот медал на завршниот турнир во Евролигата го однесоа кошаркарите на Жалгирис кои во „малото“ финале ја совладаа ЦСКА Москва со 79:77 (по четвртини: 22:19, 19:16, 28:13, 10:29).

Домаќин на наредното издание на Фајналфорот ќе биде Басконија.

Евролига кошарка Реал Мадрид Фенербахче финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.