Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Докузовски: Со одлична работа до неверојатна сезона и голем подвиг

0
By Нова ТВ on May 26, 2018 СПОРТ
Фото: facebook.com/KK.Rabotnicki.Skopje
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 26, 2018 12:41

Кошаркарскиот шампионски трофеј во нова канцеларија. Сместен е во Градски парк и до овој период во наредната година ќе биде декор во клупската витрина на Работнички. „Центарци“ го детронизираа МЗТ Скопје во финалната плеј-оф серија, прва за нив по пауза од четири години, откако го добија и третиот судир со аеродромци со 87:84 (по четвртини: 16:25, 24:23, 17:15, 30:21) за прослава на 15. титула и прекин на деветгодишниот пост.

„Со само два пораза стигнавме до титулата што прави да се чувствуваме среќни, задоволни, исполнети. Одигравме одлична сезона, завршиме одлична работа, направивме голем подвиг. Зад нас се три израмнети меча против МЗТ Скопје, особено последниот кој беше тежок од психолошки аспект, но издржавме и ја вративме титулата каде ` и место“, истакна Марин Докузовски, тренер на Работнички, по прекинот на доминацијата на МЗТ Скопје во домашната кошарка.

Работнички беше убедливо најдобар, најконстантен, низ целата сезона. Изгледаше недопирлив за конкурентите од кои само Куманово и МЗТ Скопје успеаја да слават над новиот првак. Кумановци се радуваа со 83:82 на 11 април оваа година, а на почетокот на сезоната (7 октомври) паднаа во продолженија (мечот во основниот дел заврши 81:81) додека „металците“ на 3 мај триумфираа како домаќини со 80:76. Се останато беше во знак на тимот од Градски парк.

„Уф… Ми беше тешко, ми беше најтешко што бев крај теренот и не бев во состојба да помогнам. Минав низ две комплицирани операции во животот по што бев воден од две желби. Да играм кошарка и да освојам титула за Работнички. Страсно ја посакував втората и еве сега, конечно, ми се исполни“, изјави Димитар Мираковски, капитенот на „центарци“.

Работнички суверено владееше со македонската кошаркарска сцена по поразот на поранешната држава. Шампионскиот поход го почна во 1993 година и до 1999 година нанижа седум првенствени трофеи на кои додаде уште шест во периодот 2001-1006, на првата наредна чекаше до 2009 година, а на најновата досега. „Центарци“ имаат и 13 победи во Купот на Македонија и една во Суперкупот (2011 година). Лани учествуваа во квалификациите за Европа купот на ФИБА пришто беа елиминирани уште на стартот од руска Парма од Перм. Очекувањата за наесен одат во насока на повторен излез на меѓународната сцена, а дали паралелно ќе бидат дел и од регионалната, во случајот АБА 2 лига, ќе биде дополнително одлучено.

Димитар Мираковски кошарка Марин Докузовски МЗТ Скојпе Плеј-оф Работнички финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.