Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на албанската опозиција, повредени 11 полицајци и еден новинар

0
By Нова ТВ on May 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 26, 2018 16:06

Единаесет полицајци и еден новинар денес беа повредени во текот на протестот на албанската опозиција која бара оставка на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај бидејќи според нив, тој е замешан во шверцот на дрога.

Новинар близок до опозициската Демократска партија исто така беше повреден во главата пред зградата на министерството за внатрешни работи, пишува агенцијата АФП која се повикува на нивниот дописник од Тирана кој бил сведок на насилството.

Во Тирана денес протестираа илјадници луѓе на повик на опозицијата.

Опозицијата бара оставка и од премиерот Еди Рама. Демонстрантите фрлаа јајца и камења врз министерството. Полициски кордон го спречи влезот на демонстрантите во зградата.

Опозицијата трвди дека министерот Џафај го штити својот брат Агрон, осуден во отстуство во 2012 година во Италија на 7 години затвор поради шверц на дрога и дека братот на министерот и понатаму продолжува со нелегални активности. Опозицијата објави снимка на која се слуша дека човек, за кој тврдат дека е Агрон, разговара со шверцери.

Обвинителството отвори истрага а снимката е пратена во Италија на вештачење. Министерот вели дека ќе даде оставка доколку се утврди дека гласот на снимката е на неговиот брат.

Лидерот на опозицијата Љуљзим Баша го обвини премиерот дека работи во договор со актери од организираниот криминал и дека ја турнал земјата во сиромнаштија.

Во 2017 година Социјалистичката партија на Еди Рама победи на изборите и го почна вториот мандат на чело на Албанија. Земјата е членка на НАТО и се надева дека годинава ќе отвори преговори за членство со ЕУ.

 

 

Албанија опозицијата оставка протест Фатмир Џафај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.