Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на ФДМ со Заев: Наскоро отворање конзуларно одделение во Малта

0
By Нова ТВ on May 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 29, 2018 13:41

Премиерот  Зоран Заев, за време на дводневната посета на Малта се сретна со претставниците на Форумот за демократска Македонија во Малта, Игор Филевски, Живанка Витанова и Стево Ѓоргиев.

Како организација на иселениците што се залага Македонија да биде демократска и правна држава, претставниците на ФДМ, изразиле поддршка  на Владата за решавање на спорот за името со Грција и напорите за интеграција во НАТО и ЕУ.

Како што се вели во соопштнието од ФДМ, тие упатиле и забелешки за дел од кадровските решенија, на дипломатскиот дисконтинуитет во одредени земји со непоставувањето на  амбасадори, на несоодветната родова застапеност на функциите, како и „нерешените судбини на свиркачите“ кои придонесоа за демократизација на Република Македонија и создавање  услови за нов демократски процес во чекорењето кон правна држава.

Заев, велат од ФДМ, истакнал дека Владата секогаш ќе биде отворена за секоја конструктивна критика и ќе дејствува во подобрување на нејзината работа.

Тој ги објасни  проблемите со кои се соочува Владата при реализирање на родовата еднаквост на функциите и настојувањето тој сегмент да биде подобрен во следниот период, па се` до начинот на кој ќе се решат испразнетите амбасадорски места.

Заев напоменал дека вршители на должност ќе бидат поставени во сите административни центри каде се чека нов амбасадори се додека не се реализира процесот што не може да добие своја разрешница без согласност од претседателот Ѓорге Иванов. Во Малта наскоро ќе биде отворено конзуларно одделение, поради се` поголемиот број работници што доаѓаат за работа во оваа островска држава.

Што се однесува до прашањето за „свиркачите“ премиерот Заев рекол дека Владата прави се` за нивно згрижување за да го пребродат вакуум просторот  создаден поради правните ситуации во кои се затекнати. ФДМ и натаму ќе бара решение од Владата поради суштинската улога на „свиркачите“ во откривањето на корупцијата и злоупотребите на функциите од позиција на моќ.

По прашањето за решавањето на проблемот со Грција и евентуалниот референдум, премиерот Заев ја образложил реалната и правната ситуација во однос на гласањето во дијаспора, од условите кои ги имаат иселениците за гласање според Уставот и Законите во овој момент, до опцијата за подобрување  на можностите за  правото на глас на иселениците.

По предлог од ФДМ биле предложени следни средби со Малтежани кои имаат влијание во туристичкиот бизнис и севкупната економија на островот, а претставници на  македонската влада би можеле да ги информираат за можностите за инвестирање на релација Малта-Македонија.

Според Заев иселениците недвојбено се сметаат за важен фактор како за економијата и инвестициите во Македонија, така и за конструктивната критика која ја упатуваат со цел подобрување на администрирањето и функционалноста на македонската влада.

#ПоинакваДијаспора

Заев Малта ФДМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.