НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресврт во Италија: Конте сепак ќе формира влада, повторно доби мандат

0
By Нова ТВ on June 1, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Правникот Џузепе Конте го прифати предлогот на претседателот на Италија Серџо Матарела да биде нов премиер на земјата, откако во минатата недела пропадна неговиот прв обид да состави кабинет. Се очекува Конте и министрите денеска да положат заклетва.

Матарела синоќа го повикал Конте во претседателската палата, по соопштението на популистичките партии, Движењето пет ѕвезди и десничарската Лига дека се создадени услови за политичка влада.

– Движењето пет ѕвезди и Лигата постигнаа договор за формирање политичка влада на чело со Џузепе Конте како премиер, се наведува во заедничкото соопштение на лидерите на М5С и Лигата, Лујџи Ди Мајо и Матео Салвини.

Согласно италијанскиот Устав, Матарела сега ќе мора да му го довери мандатот за формирање влада на Конте и да го одобри кабинетот што тој ќе го предложи.

Според италијанските медиуми, новата влада би можела да биде избрана уште денеска, односно 89 дена по одржувањето на параламентарните избори на кои ниту една партија или коалиција не обезбеди мнозинство во Парламентот.

Антисистемското Движење пет ѕвезди и десничарската попилустичка партија Лига и претходно постигнаа договор за формирање влада, но Матарела одби да го одобри предложениот кабинет, несогалсувајќи се со некои кадровски решенија, пред се со изборот на евроскептикот Паоло Савони за министер за економија, по што му довери мандат на Котарели да формира техничка влада.

Но тој во утврдениот рок не поднесе листа со министри.

Синоќа Котарели му го врати мандатот на италијанскиот претседател.

Според извори од М5С и Лигата, кандидат за министер за економија во новата влада ќе биде професорот на римскиот Универзитет „Тор Вергата“, Џовани Трија. Истите извори посочуваат дека во новиот кабинет Савони би бил министер за европски работи, а местото шеф на дипломатијата би го зазел Енцо Моаверо Миланези. Ди Мајо најверојатно ќе биде министер за индустрија, а Салвини за внатрешни работи.

 

Влада Италија Конте
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.