Централниот одбор (ЦО) на НСДП денеска во Скопје одржа конститутивна седница по одржаниот четврти Конгрес на партијата. Во новиот состав на Извршниот одбор на партијата влегуваат 19 члена меѓу кои тројца потпретседатели и двајца секретари.
За потпретседатели на партијата се избрани Горан Мисовски, Соња Мираковска и Зорица Апостолска, за организационен секретар е назначен Кристијан Трајковски, а за секретар за меѓународна соработка Стојанче Манев.
Освен за изборот на членови на раководството на партијата, на седницата се разговараше и за актуелни политички теми и прашања.