Доналд Трамп и Ким Јонг-Ун станаа првите претседатели на САД и Северна Кореја кои се состана, што претставува досега невиден развој на ситуацијата, по една година размена на закани.
Она што за многумина беше историскиот чин е нивното ракување во хотелот на островот Сентоса во Сингапур пред почетокот на разговорите.
По разговорите, Трамп и Ким потпишале она што американскиот претседател го нарече “многу важен документ”, “прилично сеопфатен”, но не откри детали за тоа неговата содржина.
Најави дека тој наскоро ќе биде јавно објавен.
-Имавме навистина фантастичен состанок. Има многу напредок, изјави Трамп за новинарите три часа подоцна. “Навистина многу позитивно, мислам дека подобро од што можеше да се очекува”.
Четирите клучни точки на Декларацијата
Би Би Си објави дека Декларацијата има четири клучни точки:
-Соединетите Држави и Демократска Народна Република Кореја се обврзуваат да воспостават нови односиво согласност со желбата на народите на двете земји за мир и просперитет.
-САД и КНДР ќе се приклучат на напорите за изградба на траен и стабилен мировен режим на Корејскиот полуостров.
-Потврдувајќи ја Декларацијата од 27 април 2018 година, КНДК се обврзува да работи на целосната денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
-Соединетите Американски Држави и КНДР се обврзаа да ги идентификуваат останките од оние кои починале како воени затвореници во двете земји, вклучувајќи и враќање на останките на веќе идентификуваните.
Првиот контакт
Нивниот прв контакт беше ракувањете пред знамињата на две земји, нешто што според медиумите и аналитичарите, делувало дури и нереално.
Тие разменија неколку збоови пред да позираат за огроминиот број медиуми.
Според медиумите Ким му се обратил на Трамп со: „Задоволство ми е да Ве запознаат г-дине претседател“, а Трамп му одговорил со: „Чест ми е што сум на средбата“.
-Се чувствувам навистина одлично. Ќе имаме голема дискусија и ќе бидеме неверојатно успешни, изјави кусо Трамп.
Говорејќи преку преведувач, Ким во изјавата алудира на долготрајното непријателство меѓу неговата земја и САД.
-Не беше лесно да се дојде до оваа точка, рече Ким, според преведувачот на Си Ен Ен. “Нас минатото не враќаше назад, а старите практики и предрасуди ни ги покриваа нашите очи и уши, но ние сме успеавме да надминеме сѐ за да стигнеме тука денес”.
Трамп на ова климна со главата во знак на одобрување.
Двајцата, заедно со преведувачите разговарале помалку од 40 минути, по што им се придружиле мали делегации составени од советници на работен ручек.
Аналитичарите се поделени на она што ќе се постигне на самитот. Некои сметаат дека тоа е пропаганда за Ким, а други дека е потенцијален пат кон мир.
Што видоа аналитичарите
Ким беше многу среќен само само со тоа што е таму: Кога двајцата се ракуваа, Трамп се трудеше да ја задржи насмевката таа да не му го опфати целото лице. Ким немаше таков проблем, само широко се насмевна. И кога седнаа на кратко фотографирање пред да започнат разговор, Ким повторно имаше широка насмевка.
За аналитичарите тоа не е воопшто чудно: пред три месеци, тој беше целосно изолиран лидер на непријателска нација. Во вторникот наутро во Сингапур, тој се ракуваше со лидерот на најмоќната земја во светот.
Трамп го потиснуваше своето препознатливо однесување: Тој беше видливо советуван да не изгледа премногу расположено или весело на почетната ракување, па и во текот на фотографирањето. Но Трамп е Трамп, па реагираше со кренати палци, кога лидерот на Северна Кореја ја заврши изјавата. Трамп, кој седеше од Ким на поширок работен ручек веднаш по нивниот состанок, рече дека е “многу, многу добро” и дека сега имаат “одлична врска”. (Иако во тој момент, Трамп се позннаваше со него помалку од еден час)
Тет а тет разговорот беше повеќе шоу, отколку работа: 45-минутен состанокмеѓу двајца и не е толку краток. Но ако се има предвид дека двајцата зборуваа преку преведувачи – што значи дека вистинскиот разговор бил околу половина од тоа време. Што воопшто не е долг.
Навистина сакаат да соработуваат: Од моментот кога двајцата лидери се појавија на ракување, потоа на второто фотографирање, па се до работниот ручек, целата атмосфера – од двете страни – е оптимистичка. Додека се ракуваа, Трамп го фати Ким за надглактицата. Двајцата разговараа и додека одеа еден покрај друг.
-Трамп и Ким знаеа дека ова е театар, а и двајцата сакаат политички театар. И тие изгледаа како целосно посветени да изгледаат што е можно подобро денеска, коментираат аналитичарите.
Состанокот е кулминацијата
Состанокот на островот Сентоса, доаѓа само три месеци откако Трамп ја прифати поканата од Северна Кореја за разговори.
Двете земји најпрво разговараа преку разузнавачки канали, при што американските аналитичари работеле за да одредат кога Ким е вистински подготвен да ја напушти нуклеарната програма што ја започнал неговиот дедо и на која Пјонгјанг гледа како заштита од надворешните агресори.
Мајк Помпео, актуелниот државен секретар, како директор на ЦИА двапати патуваше во Северна Кореја на прелиминарни разговори. Неговите состаноци со Ким всушност беа најсилниот контакт меѓу САД и севернокорејскиот лидер, преку кои беа обезбедени најважните информации за човекот за кого малку се знае.
Големиот напредок дојде кон крајот на април, кога јужнокорејскиот претседател се сретна со Ким во корејската демилитаризирана зона, што ги постави основите за средбата со Трамп.
Разговорите потоа се одвиваа на повеќе нивоа, вклучително и логистички разговори за да ги смират стравовите на Ким дека ќе биде биде соборен уште додека патува.
Историските разговори беа во доменот на интензивни шпекулации, се додека американскиот претседател на Твитер не објави дека тоа ќе се случи во Сингапур.
Повеќе од 2.500 новинари се присутни во Сингапур за оваа средба. Тие го следат секое движење на двајцата претседатели. Еден ден пред самитот, Трамп најмногу време мина во хотелот “Шангри-ла”, и се појави само за да се сретне со неговиот сингапурски колега во претседателската палата. Подоцна тој ден се состана со високи советници и телефонски разговараше со лидерите на Јапонија и Јужна Кореја.
Ким, пак, бил забележан на прошеткаоколу хотелот и казиното на Марина Беј Сендс. Ким бил поздравуван од оние кои го препознаа човекот, кој до почетокот на оваа пролет се веруваше дека никогаш не ја напуштил Северна Кореја како врховен лидер.
Самитот во Сингапур заврши. Ким замина, додека Трамп за околу еден час ќе одржи прес конференција.