НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил на Данска за СП2018: Ериксен и се е можно

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 СПОРТ
Фото: irishmirror.ie
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мина времето на Петер Шмајхел, на браќата Лаудруп, на Ким Вилфорт чија генерација стана од плажа во 1992 година, го зазеде местото на поранешна Југославија и без подготовки стана европски првак во Шведска. Данците со гордост се навраќаат на тој период и желно посакуваат реприза на тогашната еуфорија и во иднина. Имаат и фудбалски материјал да бидат фактор и на претстојното Светско првенство. Ги предводи фантастичниот Кристијан Ериксен кој игра во животна форма во дресот на Тотенхем. Се оди преку него и во националниот тим за кој досега реализира 18 гола во 74 одиграни натпревари.

Одбраната им е доверена на Андреас Кристенсен од Челзи и искусниот Симон Кјаер од Севилја, Николај Јоргенсен од Феенорд е прва напаѓачка опција. Место сè уште има и за Никлас Бендтнер кој со своето искуство е од непроценливо значење за „данскиот динамит“ како што прекарот на репрезентацијата. Од клупата ги наведува 64 годишниот Норвежанец, Аге Хареиде кој ја водеше и селекцијата на својата земја во минатото. На клупски план работеше во Викинг, во Розенборг, во Брондби и во Малме со кои освои две шампионски титули во Шведска и по една во Норвешка и во Данска.

Данска по петти пат ќе се појави на Светските фудбалски првенства. До првото по 2010 година мораше преку бараж двомеч во кој ја елиминира Република Ирска со вкупни 5:1. Најдоброто, пак, на мундијалите го истакнаа во 1998 година кога дотуркаа до четврт-финале пред да бидат поразени од Бразил.

Конечен список на Данска за СП 2018

Голмани

Каспер Шмајхел (Лестер)

Јонас Лосл (Хадерсфилд)

Фредерик Ронов (Брондби)

Одбрана

Симон Кјаер (Севилја)

Андреас Кристенсен (Челзи)

Матијас Јоргенсен (Хадерсфилд)

Јаник Вестергард (Борусија Менхенгладбах)

Хенрик Далсгард (Брентфорд)

Јенс Стригер Ларсен (Удинезе)

Јонас Кнудсен (Ипсвич)

Среден ред

Вилијам Квист (Копенхаген)

Томас Делејни (Вердер)

Лукас Лерагер (Бордо)

Ласе Шоне (Ајакс)

Михаел Крон-Дели (Депортиво ла Коруња)

Кристијан Ериксен (Тотенхем)

Напад

Пјоне Систо (Селта)

Мартин Брајтвајт (Бордо)

Андреас Корнелиус (Аталанта)

Виктор Фишер (Копенхаген)

Јусуф Поулсен (Лајпциг)

Николај Јоргенсен (Феенорд)

Каспер Долберг (Ајакс)

Селектор: Аге Хареиде

МЕЧЕВИ НА СП 2018

Перу – Данска (16 јуни, 18 ч.)

Данска – Австралија (21 јуни, 14 ч.)

Данска – Франција (26 јуни, 16 ч.)

Резултати во подготвителниот период

Данска – Мексико 2:0

Шведска – Данска 0:0

Данска – Чиле 0:0

Данска – Панама 1:0

Лична карта на Данска

ФИФА ранг листа: 12 место

Прекар: Дански динамит

Настапи на СП: 4

Најдобар пласман: четврт-финале во 1998 година

Настапи на ЕП: 8

Најдобар пласман: шампиони во 1992 година

Најдобар стрелец: Пол Нилсен и Јон Дал Томасон – по 52 гола

Најмногу настапи: Петер Шмајхел – 129 меча

Прв меѓународен меч: Данска – Франција 9:0 во 1908 година

Најубедлива победа: Данска – Франција 17:1 во 1908 година

Најубедлив пораз: Германија – Данска 8:0 во 1937 година

Данска Профил Русија СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.