НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Утре е историски ден за Македонија

2
By Нова ТВ on June 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека утре е историски ден за Македонија, со кој се отвора иднината.

На денешното отворање на Фестивалот  One love tour 2018, на кој беше заедно со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, Димитров рече дека во текот на утрешниот ден ќе се направи голем чекор за да се затвори едно прашање кое што беше отворено толку колку што е стара независноста на Република Македонија, практично од 1991 година.

– Имаме сили што се борат за напред, за иднината, имаме сили што се борат за назад, за минатото. Минатото не можеме да го смениме, иднината можеме. Мислам дека тоа е многу голем чин, на некој начин бевме охрабрени од Договорот за пријателство со Бугарија. Ова е нашето последно отворено прашање и на некој начин завршува една фаза на прашалници, на предизвици. Многу ќе биде важно овој чин да ги отвори вратите и на ЕУ и на НАТО бидејќи меѓудругото, покрај пријателството со Грција, македонските основни мотиви се да се отворат вратите и конечно да излеземе од таа чекална, каде што сме заклучени премногу години, рече Димитров.

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева  изрази увереност дека по потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, закажано за утре во Мала Преспа, Македонија конечно ќе може да отпочне преговори за членство во ЕУ, а потоа да добие и покана за влез во НАТО.

– Бугарија сака Македонија на крајот на месецот конечно да почне преговори за членство во ЕУ. Навистина повеќе нема време и ја сум уверена дека по потпишувањето на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција утре од срана на двајцата министри за надворешни работи, во присуство на двајцата премиери, на 26 јуни  на Советот на ЕУ со кој претседавам јас, Македонија ќе добие зелено светло, вели Захариева.

На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат медијаторот Метју Нимиц, еврокомесарите Могерини и Хан и заменичката на Генералниот секретар на ОН, Розмари ди Карло.

За Бугарија е прифатливо името Република Северна Македонија.

– Ние први ве признавме, ја признавме Република Макеоднија во целина. Она што е важно за нас, а го содржи и во нашиот договор дека нема територијални претензии, нагласи Захариева.

Димитров Захариева потпишување на договор Преспа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.