НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ратификуван Договорот со Грција за решавање на спорот со името

4
By Соња Петрушевска on June 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите присутни  69 пратеници гласаа „за“ ратификација на Договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор за името.

Премиерот Заев пред самото гласање се обрати пред пратениците и соопшти дека Североатлантскиот совет донел политичка одлука, поканата за НАТО за Македонија да биде ставена на дневен ред на самитот.

Тој на крајот им се заблагодари на сите граѓани, на помалите етнички групи за поддршката, како и на министрите кои биле вклучени во целиот преговарачки процес. Заев им се заблагодари на на опозицијата и претседателот на државата, кои како што рече биле во овој процес. На крајот, се заблагодари и на како што ги нарече партнерите во Грција, со кои постигнале Договор кој е од корист за двете страни.

Најави дека сега на земјата и претстој процес на реформи и економски напредок.

-Покривот се поправа додека грее сонце, а не додека врне дожд или снег. Ајде да го поправиме и да го ставиме покривот на нашата заеднничка Македонија Да не дозволиме тој никогаш да ни прокиснува. По денешното гласање, референдумот, уставните измени и ратификацијата во Грција, сонцето ќе изгрее, но дали ќе не огрее нас и нашите деца. Затоа да бидеме исправени пред одлуката и конечно да бидеме нормална земја, со тапија, која ќе биде еднаква со сите, ќе го јакне нашиот идентитет и ќе бидеме горди граѓани на нашата Македонија, рече Заев.

Со Договорот официјално име ќе биде Република Северна Македонија, јазикот македонски и идентитетот Македонски/ граѓани на Репулика Северна Македонија.

Премиерот Зоан Заев во воведното обраќање ги повика граѓаните да гласаат за Договорот на рефрендумот, бидејќи како што рече „потпишавме договор со кој се означува почеток на крајот на неизвесноста и на трауматичен период со кој постигнавме достоинствено решение на двете страни . Имаме договор со јасни обележја на македонскиот јазик и идентитет. Го заштитуваме идентитетот за век и векови“, кажа Заев.

ВМРО ДПМНЕ не присуствува на седницата, зашто според нив, овој Договор е штетен и капитулантски, а власта го прекршила Уставот и процедурите за да го ратификува.

По ратификацијата на Договорот македонските власти треба да ја известат Грција дека Договорот е ратификуван во Парламентот, по што Атина ќе испрати известување до Европскиот совет и до генералниот секратар на НАТО дека веќе нема пречки за eвроатлантската интеграција на земјава.

Европскиот совет одлучува на самитот на 28 јуни дали ќе ни додели датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Во вторник седница ќе има Советот за општи работи на министрите за надвореши работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург кога исто така ќе се одлучува за пристапните преговори на Македонија.

 

гласање Договор со Грција Заев ратификација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.