Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас денеска ќе ги потпише, а утре ќе ги прати писмата до ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on June 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 24, 2018 08:28

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас за денеска најави дека ќе ги потпише, а утре наутро ќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, што е исполнување на нејзинот дел од обврските од Договорот за решавање на спорот за името.

– Во мојата дипломатска канцеларија писмата се подготвени од завчера. Одлучив да ги потпишам во Брисел во недела за во понеделник наутро да се достават до Европската унија и НАТО. Тоа се писма кои велат дека бев известен од другата страна за ратификацијата на Договорот во Собранието и дека врз основа на обврските и предусловите кои ги имам поставено, може да продолжат напред, изјави Коѕијас.

Тој објасни дека за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постојат тешкотии“, бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

– Нема да биде добро да се случи такво нешто, коментираше шефот на грчката дипломатија и објасни дека проширувањето на ЕУ со Македонија и Албанија ќе се разгледува во понеделник наутро.

Никос Коѕијас ги спомена и земјите кои беа против интеграција на Македонија и Албанија во ЕУ, и рече дека „во меѓувреме, три од петте земји, односно Луксембург, Данска и Германија отстапија од оваа група, веќе немаат цврсти противења, но остануваат Холандија и Франција“.

Во меѓувреме, и Холандскиот Парламент одлучи да даде зелено светло Македонија да почне преговори со Европската унија.  Премиерот Зоран Заев деновиве изјави дека очекува по демонстрираниот, како што вели, европски манир од македонска страна, поддршка за пристапни преговори да стигне од сите земји – членки на ЕУ, па и од Франција, која заедно со Холандија важат за силни противници на проширувањето со инсистирање прво да се спроведат реформи во самата Унија.

Вчера американскиот државен секретар Мајк Помпео телефонски разговарал со францускиот министер за надворешни работи Ле Дријан, соопшти Стејт Департментот.

Во соопштението на Стејт Департментот пишува дека шефот на американската дипломатија Помпео побарал од  неговиот француски колега Ле Дријан, Франција да даде поддршка за НАТО да упати покана за членство на Македонија и исто така да даде поддршка за отворање на пристапните преговори со Европската Унија, откако се потпиша договорот за името помеѓу Грција и Македонија.

Советот на ЕУ за општи работи утре и во вторник ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија, а во четврток и петок е состанокот на шефови на држави и влади на членките на Унијата.

Од утре премиерот Зоран Заев и владина делегација, заминува во посета на  неколку европски држави. Како што соопшти владината прес служба, на 26 јуни тој е во официјална посета на Австрија, а на 27 јуни ќе биде во работна посета на Полска.

Во Виена ќе има средба со канцеларот Себастијан Курц и со претставници на австрискиот Парламент и ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“.

Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба со полскиот премиер, Матеус Моравјецски.

 

Брисел Договор за Грција ЕУ Коѕијас НАТО писма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.