Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до ЕУ: Одлуката е пресудна за Договорот и иднината на Македонија

0
By Нова ТВ on June 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 26, 2018 14:46

Премиерот Зоран Заев упати писма до премиерите на земјите членки на Европската унија во кое ги повикува своите колеги да поддржат одлука за старт за пристапни преговори на Република Македонија со ЕУ со временска рамка на процесот, како одлука заснована на заслуги, и како одлука која е одамна заслужена.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев во писмото ги известува премиерите на членките на ЕУ за постигнатиот Договор за решавање на разликата околу името и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу Република Македонија и Република Грција.

– Договорот претставува историска можност за надминување на спорот што ги оптоварува односите меѓу двата соседи повеќе од 25 години, и го попречуваше нашиот пат кон евро-евроатланска интеграција, се вели во писмото на премиерот Заев до неговите колеги од ЕУ.

Заев информира во писмото и за чекорите што треба да се преземат за да се обезбеди стапувањето во сила на договорот, и ги запознава премиерите дека е веќе извршена ратификацијата на Договорот во Собранието на РМ, по што следува известување од страна на Грција до ЕУ дека таа го поддржува отворањето на пристапните преговори за нашата земја, како и поканата за членство во НАТО.

Премиерот во писмото до премиерите на земјите членки на ЕУ известува дека на есен ќе биде одржан референдум за поддршка на договорот, по што ќе следи и спроведувањето на постапката за уставни промени.

– За да се обезбеди реализацијата на договорот и потенцијалните придобивки од него за двете земји, за регионот на Југоисточна Европа и за Европа како целина, од огромно значење е политичката поддршка на земјите-членки на ЕУ, за да ја потврдат со конкретни мерки стратегиската визија за европската иднина на мојата земја и целиот регион, истакнува во писмото премиерот Заев.

Затоа, се вели во писмото на премиерот, „во пресрет на претстојниот Европски совет, ја барам вашата поддршка за одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија“.

– Со таквата одлука ќе биде оддадено признание за евидентните реформски процеси и ќе го олесни понатамошното продлабочување на реформскиот импулс. Покрај тоа, таквата одлука ќе има пресуден придонес во создавањето на неопходната позитивна клима за успешно завршување на секој од чекорите предвидени во Договорот за да спроведе деликатно избалансираниот компромис за решавање на долготрајниот и комплексен спор, нагласува премиерот Заев во писмото до своите колеги, премиери на членките на ЕУ, и наведува дека со нетрпение ја очекува драгоцената поддршка за донесување на одлука за отворање на преговорите за пристапување на Македонија со ЕУ претстојниот состанок на Европскиот совет.

Како што претходно објави МИА, повикувајќи се на дипломатски извори во Советот на ЕУ, Франција и Холандија продолжуваат да се противат за старт на преговори во овој момент со Македонија. Париз и Амстердам, во страв дека каков било почеток на преговори со нови земји кандидати би имало негативен ефект врз нивната домашна јавност, би сакале стартот на преговори со Скопје и Тирана да се одложи до после европските избори на пролет 2019.

Оваа одлука може да биде оставена да ја донесат лидерите на ЕУ на состанокот на Европскиот совет в четврток и в петок.

датум Договорот со Грција Заев лидери на ЕУ Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.