Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АВМУ: 65 мерки за радиодифузери и една одземена дозвола

0
By Нова ТВ on June 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 27, 2018 15:36

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изминатиот квартал ја одзеде дозволата за работа на Радио Слободна Македонија за неисполнување минимални кадровски услови, а додели дозвола за емитување на Телевизија 3 Скопје од забавен општ формат, на македонски, албански и турски јазик на регионално ниво, како дозвола за музичко – говорно радио од општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општина Струга.

Пресекот на спроведените надзори и изречените опомени врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, даватели на аудиовизуелни медиумски услуги на барање и издавачите на печатени медиуми ги претстави на втората јавна расправа на АВМУ директорот на оваа институција Зоран Трајчевски.

Во вториот квартал годинава, Агенцијата за констатирани непочитувања на радиодифузерите на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми, донела  65 решенија за преземање мерка, од кои поголемиот дел, 42, поради недоставување писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или ТВ емитување.

Трајчевски информираше и дека се донесени мерки за неспроведување на програмскиот концепт, непочитување на правилата за заштита на малолетните лица, неисполнување на квота за изворно создадената програма, необјавување на податоци за сопственичката структура, уредништво, изворите на финансирање во претходната година и недоставување снимка од објавата, необезбедување информации што треба да им се направат достапни за корисниците  и за недозволено спонзорство на верски програми.

Агенцијата донела и три решенија за опомена против оператори на јавни електронски комуникациски мрежи, заради реемитување програмски сервиси коишто не се регистрирани во Агенцијата согласно член 141 од ЗААВМУ.

За двајца издавачи на печатени медиуми, биле изречени мерки опомена, од кои, едната за необјавување на податоците за седиштето на издавачот на медиум, печатницата и датумот на печатење или препечатување, а втората за необјавување во дневен весник на податоци за сопственичката структура и недоставување на исечок од објавата до Агенцијата.

Како што информираше Трајчевски, по барање од заинтересирана страна за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво, е изработена студија која покажала дека нема оправданост за објавување конкурс, поради тоа што условите на пазарот не овозможуваат одржливост на постојните учесници на пазарот, со влез на нова телевизија.

 

АВМУ дозволи мерки Радио Слободбна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.