НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши мундијалот за Србија:„Кариоките“ пресилни за „орлите“ (Видео)

0
By Нова ТВ on June 28, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мирослав Ѓукиќ беше во право пред почетокот на Светското фудбалско првенство во Русија во поглед на амбициите на Србија за минување на групната фаза. „Само да не дозволиме да се вадиме против Бразил“, рече менаџерот на белградски Партизан во пресрет на дуелите на репрезентацијата на северниот сосед во Е конкуренцијата.

https://www.youtube.com/watch?v=FuuVHSaH2o4

И без тоа беше јасно оти патот до осминафиналето за „орлите“ водеше преку Костарика и Швајцарија, „кариоките“ беа само прилика за уживање на мундијалската сцена. Но, наместо тоа, се случи спротивното. Костариканците беа архивирани, Швајцарците не, па поправниот за составот на Младен Крстаиќ беше најтешкиот можен испит.

Бразил триумфира во меѓусебниот меч со 2:0 за прво место во групата Е и судир со Мексико во осминафиналето. Паулињо погоди во 36. минута, Тиаго Силва во 68. минута за нови три бода за тимот на Тите.

„Имавме периоди во кои можевме да го загрозиме Бразил, но тоа е, сепак, фудбалска велесила. Честитки до играчите за залагањето, за одговорноста, за дисциплината. Заслужија почит во Србија и мислам дека треба да се вратат со дигнати глави. Генерално, сите три меча ги одигравме добро, квалитетно, во некои моменти бевме подобри од ривалите меѓутоа таков е фудбалот. Вториот натпревар со Швајцарија можеби нè „исече“. Тешко е да се вадите со Бразил меѓутоа се обидовме и дадовме максимум“, рече српскиот селектор Крстаиќ по средбата.

https://www.youtube.com/watch?v=JTMx9txw6VM

Втор патник во нокаут фазата од групата Е е селекцијата на Швајцарија која ремизира (2:2) со, веќе елиминираната, Костарика. Блерим Џемаили во 31. минута и Јосип Дрмиќ во 88. минута реализираа на Швајцарците, Кендал Вастон во 56. минута и Јан Зомер (автогол) во третата минута од судиското продолжение беа стрелци на погодоците за Костариканците.

Србија – Бразил 0:2 (0:1)

Стадион: „Откритие арена“ во Москва. Гледачи: 44.190. Гл. судија: Алиреза Фагани. Асистенти: Реза Сохандан и Мохамадреза Мансури (сите тројца од Иран). Ж. картони: Матиќ, Љаиќ, Митровиќ (Србија). Стрелци: Паулињо 36’, Т. Силва 68’ за Бразил.

Србија (формација 4-2-3-1): Стојковиќ – Коларов, Вељковиќ, Миленковиќ, Рукавина – Милинковиќ-Савиќ, Матиќ – Костиќ (Радоњиќ 82’), Љаиќ (Живковиќ 75’), Тадиќ – Митровиќ (Јовиќ 89’). Селектор: Младен Крстаиќ.

Бразил (формација 4-2-3-1):  Алисон – Марсело (Филипе Луис 10’), Миранда, Т. Силва, Вагнер – Каземиро, Паулињо (Фернандињо 66’) – Нејмар, Кутињо (Аугусто 80’), Вилијан – Габриел Жезус. Селектор: Тите.

СП 2018

Група Е

Резултати, 3 коло

Србија – Бразил 0:2

Швајцарија – Костарика 2:2

Табела: Бразил 7, Швајцарија 5, Србија 3, Костарика 1.

Група Ф

Резултати, 3 коло

Јужна Кореја – Германија 2:0

Мексико – Шведска 0:3

Табела: Шведска 6, Мексико 6, Јужна Кореја 3, Германија 3.

Бразил СП 2018 Србија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.