НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мисија Тајланд: Нуркачите се вратија во пештерата во битка со времето

1
By Нова ТВ on July 9, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нуркачите денеска ја продолжија спасувачката операција со висок ризик за извлекување на преостанатите осум момчиња членови на фудбалски клуб и нивниот тренер од пештерата во Тајланд од која вчера беа извлечени 4 деца.

Момчињата се пренесени во болница, а мисијата била прекината во текот на ноќта за да бидат заементи контејнерите за воздух.

Единаесет деца на возраст од 11 до 17 години и нивниот тренер се заробени во пештерата Там Луанг од 23. јуни, откако обилните дождови предизвикаа поплави. Тие беа пронајдени минатата недела од нуркачите.

Спасувачите се во трка со времто да ги ослободат децата поради стравувањата дека нивото на водата повторно ќе се зголеми, поради сезоната на дождови во Тајланд што веќе започна.

Првата фаза од опасната мисија се оценува дека поминала “непречено”, а спасените момчиња се во “добра здравствена состојба”, соопштија тајландските власти.

Но, поради поројните дождови во текот на ноќта и предвидувањата за наредните денови, нуркачите ќе треба да работат брзо за да ги ослободат преостанатите осуммина.

Во саботата, гувернерот на провинцијата Чианг Раи, рече дека тимовите имаат рамка од три до четири дена за да ја извршат својата работа.

Како течеше операцијата

Тим од 90 нуркачи – 40 од Тајланд и 50 од странство – работат на целата операција која вклучува анализа на целиот пештерскиот систем и на самото извлекување

Операцијата опфаќа извлекување на децата преку темните и главно поплавени премини до излезот на пештерата на Там Луанг.

Доаѓањето до самото место каде што се момчињата и движењето до излезот е исцрпувачки круг дури и за искусни нуркачи.

Процесот вклучува дел одење, качување и нуркање, и сето тоа поврзано со јажиња.

Секое момче носи маска, кои се како за почетници, за разлика од традиционалните респиратори и е придружувано  од двајца нуркачи, кои исто така ги носат и боците со кислород.

Најтешкиот дел се наоѓа на околу половина пат во делот наречен “Т-раскрсница”, кој е толку тесен што нуркачите мора да ги тргнат боците со кислород за да се пробијат.

Во самата пештера има дел наречен Комора 3 – која е претворена во база за нуркачите и каде момчињата можат да се одморат пред да го нарават последниот напор и полесно да се движат кон излезот.

Доказ за тоа колку мисијата е опасна, е трагедијата што ја одбежа оваа мисија – загинувањето на поранешниот тајландски морнар Саман Гунан во петокот, додека се враќал од мисија да ја обезбеди групата со резервоари за кислород.

Тој останал без воздух, изгубил свест, и лекарите не можеле да сторат ништо. По оваа несреќа, неговите колеги велат дека нема да дозволат нивниот пријател да биде жртва залудно.

 

Како децата се најдоа во пештерата

Момчињата беа пронајдени во пештерата од страна на британски спасувачи пред една недела, на длабочина од околу 4 километри од влезот во пештерата.

Сите се на возраст меѓу 11 и 17 години и припаѓаат на фудбалскиот клуб „Диви свињи“ и тргнале на екскурзија со нивниот тренер.

Властите првично сметаа дека групата можеби ќе мора да остане таму каде што е се до завршување на сезоната на дождови – а тоаби можело да значи и повеќе месеци под земја.

Исто така, се размислувало и за дупчење во пештерата и на друг начин да се дојде до внатрешноста.

Но, предвидувањата се дека сезоната на дождови која штотуку започна следните денови ќе донесе многу повеќе дожд, а за другите начини на извлекување е потребно подогло време.

деца пештера спасување Тајланд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.