НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ритуалите на Далиќ: Не јаде и не користи мобилен на ден на меч

0
By Нова ТВ on July 13, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Златко Далиќ е најуспешниот селектор во историјата на фудбалската репрезентација на Хрватска. Поранешниот играч од средниот ред на сплитски Хајдук успеа со „коцкестите“ до финале на Светско првенство во што не успеа ниту еден негов претходник иако нацијата во континуитет има играчи со капацитет за таков дострел. Блиску до тоа беше легендарниот Мирослав Ќиро Блажевиќ кој го предводеше националниот тим до трето место на СП 1998 година во Франција. И никој друг, а се изредија доста познати тренерски имиња – од Дражен Јерковиќ, преку Мирко Јозиќ, Ото Бариќ, Златко Крањчар, Нико Ковач, Анте Чачиќ, Славен Билиќ, Игор Штимац, итн.

Далиќ ја доведе Хрватска до работ на фудбалска бесмртност. На сцена стапи тивко, без помпа. Но, и со голема доза на скептичност во јавноста во поглед на неговиот капацитет за справување на карактерите на „коцкестите“ ѕвездички. Фудбалскиот сојуз му укажа доверба по разделбата со Анте Чачиќ во финишот на квалификациите за СП 2018, остана и за баражот, а со настапите на тековниот мундијал ја зацементира својата позиција на клупата.

За кариерата на Златко Далиќ кружат анегдоти во јавноста, но и бројни ритуали како што е случај и со голем број на спортисти и спортски работници. За хрватскиот селектор, на пример, се знае дека на ден на натпревар не користи мобилен телефон, не разговара со никој и ништо не јаде. Специфичен е во кругот на луѓе кои добро го познаваат пришто се издвојува еден детаљ што особено го привлече вниманието на медиумите. Се однесува на барањето во 1995 година до тогашниот директор на „Вартекс“ за отказ на неговата сопруга.

„Се вработив во „Вартекс“ во 1995 година кога Тони имаше две години. Работев во делот за продажба, но само два месеца. Тони го запишавме во градинка и, како и сите деца, еден ден требаше да оди на приредба. Бидејќи немавме никој што ќе ни излезе во пресрет за помош, решивме, сепак, јас да ја жртвувам мојата кариера. Покојниот директор Анѓелко Херјавец честопати потоа прераскажуваше дека Златко бил првата личност што го замолила за отказ на својата жена“, изјави сопругата на Златко Далиќ, Даворка во една прилика.

Златко Далиќ е роден во Ливно, БиХ на 26 октомври во 1966 година, но живее и работи во Хрватска чие државјанство поседува. Од 1992 година е во брак со Даворка Пропадало со која имаат два сина – Тони и Бруно.

„Почнавме од нула. Како дечко и девојка сакавме да направиме нешто во животот, сакавме нешто заеднички да изградиме. Имавме подеми и падови, понекогаш се наоѓавме пред ѕид, но успеавме да ја пребродиме секоја пречка. Во Даворка имам неизмерна поддршка во ова што го работам за што сум ѝ неизмерно благодарен. Синовите ги поттикнуваме да бараат место во системот преку образованието, а не низ тоа кои сме и што сме. Ги насочуваме да не се загубат во несакан правец“, вели Златко Далиќ.

Во сениорската кариера настапуваше за Хајдук, Динамо Винковци, Будуќност, Вележ и Вартекс. Како тренер, пак, ги водеше Вартекс, Риека, Динамо Тирана, Славен Белупо, Ал Фајсали, Ал Хилал, Ал Аин, а од есеноска е на кормилото на Хрватска.

 

Златко Далиќ СП 2018 финале фудбал Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.