Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Вратата на ЕУ сега е широко отворена

3
By Соња Трајковска on July 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 17, 2018 09:59

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во Скопје и формално го означи почетокот на подготвителните активности за скрининг процесот, клучен за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Тој појасни дека скринингот опфаќа темелни активности што ги спроведува Комисијата и тие се подеднакви за сите земји кандидатки.

Хан посочи дека ова е резултат на минатомесечната Спогодба на Македонија и Грција со која се затвори билатералниот спор за името долг 27 години, за кој рече дека има огромна меѓународна поддршка, бидејќи е важна за мирот и стабилноста не само на регионот туку и на цела Европа.

-Но сега вам ви останува, на граѓаните да одлучите на слободен и суверен начин за иднината на оваа земја. Вратата на ЕУ сега е ширум отворена, вам ви останува да ја искористите оваа можност, рече Хан кој во оваа прилика упати апел до граѓаните да учествуваат на референдумот за ова прашање.

Тој овој повик особено го насочи кон младите, и притоа го посочи примерот на Велика Британија и референдумот за Брегзит, каде како што рече, неучеството на младите, доведе до ваков исход.

-Народот во оваа држава покажа отпор и издржливост и сте пример во регионот за да си ги решат своите билатерални проблеми и сте модел за сите во регионот. Постигнавте нешто што претходно беше невозможно и недостижно, рече Хан на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев.

Заев истакна дека ова е историски ден за Македонија, што земјата го очекува уште од 2009 година.

Тој истакна дека на седницата на Владата која се одржа пред прес конференцијата, еврокомесарот Хан го претставл начелниот план за текот за скринингот, а Владата донела неколку заклучоци за почеток на процесот.

За шеф на преговорите и главен политички преговарач е назначен вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, а задолжен за техничкиот дел од процесот  ќе биде советникот на премиерот Бојан Маричиќ.

прес Скопје скрининг Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

ВЕСТИ July 14, 2026

Американската војска соопшти дека завршила нов петчасовен бран напади врз Иран и тоа, како што…

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.