Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го менува и начинот на избор на ДИК

0
By Соња Петрушевска on July 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 17, 2018 14:20

Предлог-измените што Владата ги достави до Собранието, а се однесуваат на Изборниот Законик се веќе ставени на дневен ред на денешната собраниска седница.

НОВА ТВ имаше увид во предлог-измените кои Владата до Собранието ги испрати со европско знаменце.

Според предложените измени, освен што се предлага да се смени потребното мнозинство за избор на членови на ДИК, во измените што Владата предлага да се донесат по скратена постапка, се предлага и нов начин на кандидирање на членовите на ДИК.

Според предлогот во Изборниот законик се брише точката која предвидува собраниската Комисија за именување да подготви предлог-листа на кандидати а кандидатите да се предлагаат директно на собраниска седница.

Во предлог-измените пишува дека на собраниска седница опозицијата треба да предложи претседател и двајца членови на ДИК а власта потпретседател и тројца членови на Државната изборна комисија.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бурно реагираа на почетокот на денешната Собраниска седница по информацијата на НОВА ТВ дека Владата доставила предлог-измени на Изборниот законик.

„Никогаш не се менувал Изборен Законик без консултации со опозицијата. Власта само што го испрати еврокомесарот Јоханес Хан до Собранието достави вакви „европски“ и „демократски“ измени на законот“, рече Данев од собраниската говорница.

Претходно, НОВА ТВ објави дека Владата до Собранието денеска достави измени на Изборниот Законик кои треба да се изгласаат по скратена постапка.

Со измените се предлага изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК) да се избира со просто мнозинство од 61 пратеник, а не со двотретинско мнозинство како што беше до сега.

Измените на изборниот Законик стигнуваат откако ВМРО-ДПМНЕ го услови изборот на членови на ДИК со усвојување на Законот за финансирање на политичките партии како и со формирање на техничка Влада.

Поради ова формирањето на ДИК за сега е блокирано. Рокот за избор на членови на оваа Комисија истече пред две недели.

Формирањето на ДИК е клучно затоа што ДИК е надлежната институција која што треба да го спроведе референдумот најавен за крајот на септември или почетокот на октомври 2018 година.

Како што најави денеска премиерот Зоран Заев утре треба да се доржи лидерска средба на која што главна тема ќе биде прашањето за референдумот.

Во декември минатата година осуммина од девет членови на ДИК поднесоа оставки откако во јавноста беше обелоденето дека си поделиле високи надоместоци за својата работа за време на локалните избори во октомври 2017 година и последните неколку изборни циклуси.

Влада Дик измени Изборен законик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.