Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација ја потврди условната казна за Ивона Талевска за „Тифани“

0
By Нова ТВ on July 18, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 18, 2018 15:15

Aпелацискиот суд ја потврди условната казна за Ивона Талевска од две години и парчична казна од 1.000 евра во денарска противвреднос за затајување данок во случајот „Тифани“ на СЈО.

Со тоа, Апелација ја одби жалбата на СЈО со која се бараше условната казна затвор на Талевска да и се преиначи во ефективна затворска казна. Одбиени се и жалбите на обвинетата И. Т. од С. и жалбата на обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда С. Г. ДООЕЛ С.

Во февруари годинава Кривичниот суд ја осуди Талевска на условна казна затвор од две години доколку во следните четири години не го повтори делото даночно затајување, откако таа ја призна вината.

По службена должност Апелациониот суд Скопје ја преиначи првостепената одлука заради правилна примена на Кривичниот законик во делот на изречената споредна парична казна во однос на валутата во која истата е изречена, односно наместо казната од 1000 е да гласи само во денари, требало да стои 1000 е во денарска противвредност.

Талевска во рок од еден месец треба да плати казна во висина од 1.000 евра, делот за трошоците за вештачењето, а во период од една година треба да го надомести затаениот данок, односно сумата што СЈО ја прецизираше во обвиненителниот акт.

Таа како како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ од 2008 до 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што затаила 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.

Апелација Ивона Талевска казна Тифани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.