Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Целосно ги почитуваме правата и потребите на медиумите

0
By Нова ТВ on July 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 19, 2018 13:12

Владата денеска изрази жалење за непријатната ситуација до која дојде вчера за време на одржувањето на лидерската средба, кога на фоторепортерите не им бил дозволен пристап. Во соопштението се наведува дека ваквата ситуација настанала поради „спроведување на безбедносните насоки“.

-Владата на Република Македонија со посебно внимание ги прифати и ги анализираше реакциите на претставниците на медиумите што беа предизвикани од настаните за време на подготовките за известување од лидерската средба што се одржа вчера во Клубот на пратениците. Водена од врвниот принцип да го почитува и да го овозможува правото на медиумите за непречено, одговорно и професионално известување од настаните од посебен интерес за јавноста и граѓаните, претставниците на Владата на РМ на вчерашниот настан обезбедија услови за работа на новинарите и новинарските екипи, соодветно на стандардите за вакви настани и насоките кои ги има добиено од безбедносните институции. Поведени од начелото дека треба да бидат обезбедени еднакви услови за сите претставници на медиумите без исклучок, како и заради безбедносни проценки направени од професионалните безбедносни служби, жалиме што не постоеше можност да се направат исклучоци од однапред утврдените и обезбедени услови за работа на сите медиумски екипи, се вели во соопштението. 

На крајот, од Владата истакнуваат дека и натаму остануваат посветени на примената на единствен и еднаков пристап кон сите медиуми кога станува збор за јавни настани од интерес на граѓаните.

Фоторепортерите и снимателите кои денеска се присутни во Клубот на пратениците за следење на лидерската средба, во договор со претставници на Владата, добија можност да ги фотографираат лидерите на политичките партии како што правеа и претходно.

Фото: Фејсбук

Снимателите и фоторепортерите претходно имаа кус брифинг со советникот на премиерот за односи со јавност Маријан Забрчанец и портпаролот Миле Бошњаковски на кој се обидоа да ги надминат вчерашните несогласувања кога неколкумина фоторепортери си заминаа од лидерската средба незадоволни од образложението дека поради безбедносни причини не може да ги фотографираат лидерите на политичките партии на влезот на објектот, додека излегуваа од  возилата.

По кусиот брифинг претставниците на Владата им дозволија на медиумските работници да си ја вршат својата работа онака како што тоа го правеле и претходно.

Вчерашниот случај го осудија Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите, кои истакнаа дека работата на новинарите, фоторепортерите и другите медиумски работници мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.

 

лидерска СЕММ ССНМ фоторепортери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.