Србија не го одобри барањето за посета на Нови Пазар на министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли.
Како што објави Радио-Телевизија Србија барањето е одбиено, бидејќи во привремената правна рамка на УНМИК, Косово нема Министерство за надворешни работи, па договорот за официјални посети не може да се примени во случајот со Пацоли.
Баџет Пацоли во четвртокот изјави дека побарал дозвола од Белград официјално да го посети Нови Пазар и Санџак на 21 и 22 јули, додавајќи дека ако не ја добие дозволата, нема да оди преку планински патишта како директорот на српската владина Канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ во Косовска Митровица.
Белградските медиуми известуваат дека Пацоли денеска може да престојува во Нови Пазар, но само во приватна посета и во својство на обичен граѓанин, но Пацоли ја откажал посетата, објави Индекс онлајн.
Бошњачкиот национален совет го покани Беџети Пацоли да го посети Нови Пазар и Рашка за викенд во својство на вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово.
Во меѓувреме Бошњачкиот национален совет ја откажа закажаната трибина и свечен прием на која требаше да присуствува и Пацоли, објави агенцијата Фонет.
Портпаролката на Европска унија, Маја Коцијанчич изјави дека дијалогот помеѓу претседателот на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе продолжи на почетокот од септември.