Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во пожарите на Атика досега загинаа 81 лице, 11 повредени се критично

0
By Нова ТВ on July 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 26, 2018 09:28

Бројот на загинати во пожарите во Грција се искачи на 81, а и понатаму е непознато колку лица се исчезнати, соопштија доцна синоќа од противпожарната служба на Грција. Според портпаролот на грчката влада, хоспитализирани се 60 возрасни лица, од кои 11 се во критична состојба и 4 деца, вон животна опасност.

Фото: АНА МПА

Евангелос Бурнус, градоначалникот на Рафина, општината погодена од катастрофалните пожари во интервју за МИА вели дека бројот на загинати ќе достигне до 100. Тој заедно со жителите учествувал во гаснењето на пожарите, додека и самиот останл без покрив над главата.

Потрага по исчезнатите

По гаснењето на огнот, активностите на пожарникарите, припадници на армијата, полицијата и доброволците се насочени кон пронаоѓање на исчезнати лица.

Грчката противпожарна служба, ги повика роднините на исчезнатите,денес и утре, да го посетат одделот за судска медицина на атинскиот Универзитет за да се информираат за процесот за идентификација на загинатите.

Фото: АНА МПА

Портпаролката на противпожарната служба на Грција, на синоќешната прес конференција, рече дека се забранува употребата на дронови во областите погодени од пожарите.

Шефот на грчката форензика најави дека до сабота ќе биде завршена идентификацијата на околу 62 тела од загинатите, чиј број го опиша како досега невидена човечка трагедија.

Според Никос Каракукис најголем број загинале или од изгореници или се удавиле во морето во обид да се спасат од огнот. Идентификацијата оди тешко и ќе се базира единствено на ДНК тестирања.

Финансиска помош за обнова

Според градоначалникот Бурнус она што засега е направено е што за сите кои останаа без домовите обезбедено е засолниште, храна, медицинска нега и психолошка поддршка, а обновена е во голема мерка и јавната инфраструктура, вода и струја.

Фото: АНА МПА

-Она што го бараме од сите, од целиот свет, од сите краишта на планетата е финансиска помош на сметката на општина Рафина или на сметката на владата за да се поправи инфраструктурата,  вели градоначалникот Бурнус за МИА.

Грчката влада поради големиот интерес и солидарност од внатрешноста, но и на меѓународно ниво, отвори специјална банкарска сметка во Банката на Грција, за донации од странство за погодените во катастрофалните пожари.

За сите оние кои што сакаат да донираат, бројот на сметката е:

23/2341195169

IBAN GR4601000230000002341195169

-На оваа сметка, ќе имаат можност да донираат странски држави, компании, но и граѓани од Грција и странство, соопштуваат од грчката влада и објаснуваат дека  целта е обнова на погодените области и на јавната инфраструктура, како и санирање на штетите.

Фото: АНА МПА

Со сметката ќе управува тричлена комисија со учество на претседателот на парламентот, на министерот за инфраструктура и транспорт и министерот за финансии.

Државата учествува со 20 милиони евра од Заводот за вработување, министерството за финансии со 10 милиони, а со исто толку и грчкиот Парламент.

Грција пожари помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.