НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Топлотен бран во Европа: Две жртви во Шпанија, пожари во Германија

0
By Нова ТВ on August 3, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два смртни случаи се регистрирани неделава поради високите температури што ја зафатија Шпанија.

Првата жртва од топлотниот бран е работник од Нигерија, кој починал во вторникот додека работел на изрградба на пат во близина на градот Мурсија, додека втората жртва е 78-годишен пензионер, на кого му се слошило додека работел во градината. Тој почина во болница. Се претпоставува дека двајцата починале од топлотен удар.

Според метеоролозите денеска е најтоплиот ден оваа лето во Шпанија со температура од 40 степени во Мадрид, 42 во Севиља и Андалузија, 43 во Ксерес и 44 степени во Бадахос и Естремадура.

Метеоролошката служба на Португалија денеска соопшти дека на осум мерни места во земјата измерила рекорно високи темепратури на воздухот, од кои највисоката -45,2 степени целзиусови во близина на градот Абрантеш, североисточно од Лисабон.

За денеска португалските метеоролози предвидуваат темпертури до 45 степени Целзиусови, а за утре најавуваат уште потопло време и температури и до 47 степени.

Највисоката температура во Португалија досега, е измерена во текот на летото 2003 година и изнесувала 47,4 степени Целзиусови.

Поради исклучително топлото време, во Португалија за прогласен црвен метеоаларм, а спасувачките служби, медицинскиот персонал и противпожарните бригади се ставени во состојба на зголемена готовност.

Германски пожарникари денеска го гаснеа пожарот што од синоќа беснее во националниот парк „Саксонска Швајцарија“.

Облаци од чад се издигаат над регионот, кој се наоѓа до реката Елба во источната германска покраина Саксонија, каде е и познатиот Бастеи мост.

Властите соопштија дека пожарот опфатил неколку тешко достапни места, а на пожарникарите во гаснењето им помагаат планински спасувачи и планинари.

Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот. Огнот зафати околу 4.000 метри квадратни метра, но нема опасност за блиското планинско село Ратен, а нема информации ни за жртви.

Во последните недели, Германија и другите делови на Европа, беа погодени од високи температури, а големи пожари избувнаа и во Грција и  Шведска.

Токму поради сушата денеска до темел изгоре детска градинка во северна Германија откако пожарникарите не успеале да најдат вода за да го стават огнот под контрола.

Во двата противпожарни хидранти во близина на градинката во селото Ворден, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн, немало доволно вода за гаснење на огнот по неколкуте недели топло и суво време во Германија, изјави локалниот пожарникар Оле Крогер.

Поради тоа, морало со цистерни да се носи вода од место оддалечено неколку километри.

Најверојатна причина за пожарот  била изведување на работи со катран, во непосредна близина на греадинката, при што се запалила дрвена подлога.

Повеќе од 100 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот.

Градинката била затворена за време на летниот одмор.

 

Европа топло време
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.