НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест лица уапсени за обидот за атентат на Мадуро

1
By Нова ТВ on August 6, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шест лица се уапсени за обидот за атентат на претседателот на Венецуела Николас Мадуро вчера , објави националната телевизија.

Уапсените се обвинети за “тероризам и атентат”, соопшти министерот за внатрешни работи, Нестор Реверол.
За еден од притворените имало потерница за неговата наводна улога во нападот во август 2017 година врз воена база во Валенсија.

Друг претходно бил апсен за време на протестите против владата во 2014 година. Реверол најави дека се можни и нови апсења.

Мадуро го преживеа нападот, откако неколку дронови полни со експлозив полетаа кон него за време на говорот на воената парада во Каракас. Според Мадуро зад овој напад стојат екстремно десничарски елементи и претседателот на Колумбија во заминување, Хуан Мануел Сантос.

Според Министерството за внатрешни работи напаѓачите користеле два дронови DJI M600, а на секој од нив имало по 1 килограм експлозив C-4.

Експлозивот може да предизвика оштетување во радиус од 50 метри. Едно од беспилотните летала прелета над местото каде што стоеше Мадуро, каде била немарата и да бидат активирани. Според полицијата, второто беспилотно летало паднало во станбена зграда каде што и експлодирало.

Инцидентот се случи додека Мадуро говореше на одбележувањето на 81-годишнината од венецуелската национална гарда.

Сето ова е регистрирано на преносот во живо од настанот на националната телевизија.

Мадуро се појави на националната телевизија неколку часа подоцна каде зборуваше за истрагата и апсењата.
Тој рече дека венецуелската политичка екстремна десница во соработка со колумбискиот претседател Сантос стојат зад нападот. Тој исто така ги обвини жителите на Венецуела кои живеат во САД.

-Прелиминарната истрага покажува дека многу од одговорните за нападот, финансиери и планери, живеат во САД во државата Флорида. Се надевам дека администрацијата на Трамп е подготвена да се бори против терористички групи кои вршат напади во мирни држави на нашиот континент, во овој случај Венецуела, рече Мадуро.

Венецуелската влада подолго време ја обвинува Колумбија за заговор за соборување на Мадуро, во соработка со екстремно десничарски елементи во Богота и Мајами.

Оваа недела претседателската функција во Колумбија ја преземе Иван Дуке.

атентат Мадуро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.