НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна распитот на четворицата соработници на Јакимовски

0
By Нова ТВ on August 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финансовата полиција поднесе кривични пријави до Обвинителството за гонење на организиран криминал против екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски и против четворица негови соработници  дека го злоупотребиле буџетот на општина Карпош за 600.000 евра.

Според пријавата, Јакимовски во 2012 и 2013 година во две јавни набавки незаконски ја ангажирал фирмата Алконпроект ДООЕЛ од Тетово иако оваа компанија не доставила банкарска гранција дека квалитетно и навремено ќе ја заврши работата, што и било законска должност според тендерската документација и членот 48 од Законот за јавни набавки. Јакимовски наместо да го раскине договорот и да ја наплати банкарската гаранција на понуда, тој му дозволил на изведувачот да започне да работи согласно договорите, а потоа поради ненавремено и неквалитетно извршување на работите го раскинал договорот, со што и овозможил на фримата да се стекне со противправна имотна корист на име на неплатени и необезбедени банкарски гаранции во висина од 15.000 евра, а на штета на буџетот на општина Карпош.

Јакимовски се товари и дека му дозволил на Алконпроект да започне со градежни активности без одобрение за градење, без идеен проект и без основен и изведбен проект. Исто така, според пријавата Јакимовски давал усни инструкции на изведувачот да реализира позиции во поголеми количини од предвидените во техничката спецификација, како и да реализира позиции кои воопшто не биле предвидени во техничката спецификација со што овозможил на фирмата  да се стекне со противправна имотна корист во висина од околу 540.000 евра од сметката на општина Карпош.

Јакимовски се товари и дека и во 2016 година потпишал договор со фирмата ДГПТУ СМ Компани од  Свети Николе за партерно уредување на паркот во Жданец иако знаел дека фирмата не понудила банкарска гаранција  за квалитетно и навремено извршување на работотата.  Исто така, иако Јакимовски знаел дека изведувачот не може да започне со градежни работи, бидејќи во договорот пишувало дека тој ќе биде валиден од моментот на достава на банкарска гаранција, тој му озвоможил на  изведувачот да ја заврши работата предвидена со договорот, со што му озвоможил да се стекне со противправна имотна корист од 47.000 евра.

Кривични пријави се поднесени и против поранешниот раководител на Секторот за јавни набавки, Претседателот на комисијата за јавни набавки и против член и заменик член во комисијата за јавни набавки, за злоупотреба на службената положба.

Во меѓувреме, четворицата соработници на Јакимовски за кои се поднесени кривични пријави се спроведени во судот каде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост.

 

Јакимовски карпош распит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.