Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција Влада: За 1 година, целосно спроведени три препораки на ГРЕКО

1
By Нова ТВ on August 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 10, 2018 16:36

Корупцијата во општеството ја рашири претходната власт. Владата целосно спроведе три препораки од ГРЕКО за една година, онолку колку што претходната власт спровела за цели четири години на ниво на сите институции.

Ова се наведува во денешното соопштение на Владата во врска со најновиот извештај на ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа, во кој беше наведено дека во Македонија „нема опиплив напредок“ во оваа област и оти само шест од деветнаесет препораки се имплементирани. Телото смета дека резултатите во Македонија се „очигледно разочарувачки“ и ги повикува властите да преземат конкретни мерки во однос на препораките дадени пред четири и пол години.

– Владата на Република Македонија ги следи и анализира наодите на сите релевантни меѓународни тела и врз основа на тие наоди презема соодветни чекори. Во однос на препораките од ГРЕКО, Владата е целосно посветена на нивно спроведување, што е видливо преку спроведување на три препораки кои се однесуваат на Владата во период од само една година, за разлика од однесувањето на претходната власт која е причинител на коруптивните состојби и која за период од цели четири години (2013-2016) спровела само три препораки на ниво на сите институции во државата, се наведува во владиното соопштение.

Како заложба во борбата против корупцијата Владата спроведува концепт на отвореност, отчетност и транспарентност, вложувајќи ги сите напори за целосно спроведување на препораките на меѓународните институции, а кои се однесуваат на корупцијата.

– Наследената состојба во 2016, токму според извештајот на ГРЕКО наведува дека од вкупно 19 дадени препораки, Република Македонија задоволително имплементирала само три препораки, десет останале делумно имплементирани, а шест неимплементирани. Со овој извештај, ГРЕКО даде рок до 31 јануари 2018 година да се исполнат преостанатите препораки, а Владата тоа ќе го почитува и ќе го спроведе во целост, се вели во соопштението.

Во врска со последниот извештај на ГРЕКО за усогласеност за Република Македонија – Четврт круг, усвоен на пленарната седница која се одржа во периодот од 18 до 22 јуни, констатирано е дека од 19-те првично дадени препораки, во целост имплементирани се шест препораки, делумно имплементирано осум препораки, а пет не биле имплементирани.

Во делот на препораките кои се однесуваат на Владата на Република Македонија, за една година, имплементирани се три нови препораки, пред се со направените измени во Законот за Судскиот совет и Законот за судовите.

Владата појаснува дека е подготвен е Акциски план за реализација на преостанатите препораки на ГРЕКО од четвртиот круг на евалуација на Република Македонија коишто се однесуваат на сите наведени институции. Од преостанатите 13 препораки кои треба да се имплементираат, само две се за Министерството за правда.

Еден дел од преостанатите препораки ќе се имплементираат со усвојувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата, чија подготовка е во тек, а текстот ќе биде доставен од работната група до Министерство за правда до крајот на август.

Со новиот Закон за јавното обвинителство ќе се исполни уште една препорака што се однесува на дисциплинскиот режим на обвинителите. Текстот за Законот за обвинителство се подготвува од страна на експертска работна група и треба да биде готов до декември 2019.

Останатите препораки треба да бидат реализирани од Собранието на РМ како и од независните тела за борба против корупција.

– Враќањето на правото и правната држава и неселективната борба против криминалот и корупцијата е императив за оваа Влада, се додава во соопштението.

Влада ГРЕКО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.