Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тага и бес во Џенова: Кој е одговорен за уривањето на мостот Моранди

2
By Нова ТВ on August 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 15, 2018 14:12

Во Џенова е прогласена дводневна жалост за 39 жртви во уривањето на надвозникот на автопатот во близина на градот.

Спасувачите велат дека има малку надеж за повеќе преживеани во урнатините од мостот Моранди, каде што речиси 40 возила паднаа од висина од 45 метри.

Причината се уште не е позната, а се погласни се барањата за оставки на раководителите на компанијата која го одржуваше мостот.

Стотици пожарникари работеа цела ноќ со опрема за подигнување на остатоците од мостот, со опрема за искачување и кучиња трагачи, во обид да најдат преживеани. Но портпаролката на италијанскиот Црвен крст изјави за Би-Би-Си дека биле пронајдени само тела. Меѓу загинатите има најмалку три деца.

Во болница се пренесени 16 повредени, од кои 12 се во сериозна состојба.

Околу 440 луѓе биле евакуирани од областа поради стравувањата дека други делови од мостот би можеле да паднат.

Мостот Моранди мостот е изграден во 1967 година и е дел од автопатот А10, важна сообраќајница за поврзување со локалните пристаништа, кој исто така ја поврзува италијанската ривиера и југоисточниот брег на Франција.

Кои се жртвите?

Меѓу жртвите има цели семејства, некои оделе на работа, некои на одмор. Според локалните власти, ќе бидат потребни денови за да дознае точно колку луѓе загинале и за нивна идентификација.

Во италијанските медиуми веќе се појавија имиња на некои од загинатите.

Меѓу нив има три цели семејства – Роберто Робијано (44), Ерзилиа Пицинино (41) и нивниот син Самуил. Меѓу загинатите е и еден фудбалер аматаер Андреа Черули, потоа двајца вработени во општинската еколошка компанија Амиу, како и Луиџи Мати Алтадона (35), Хуан Карлос Пастен (64) и Елиса Бозо (34), како и чилески и француски државјани.

Во меѓувреме, во медиумите се појавија и сведоштва на преживеаните.

-Успеав да излезам … не знам како мојот автомобил не е смачкан. Се чинеше како сцена од филм, како апокалипса, раскаќува Давид Капело, поранешен голман на фудбалскиот клуб Каљари, чиј автомобил бил еден од оние кои паднале од мостот.

Валентина Галбусера (43), доктор, изјави за Ла Стампа:

-Мостот падна пред мене, немаше ни 20 метри. За неколку секунди избегнав да паднам и јас. Почувствував дека мостот се тресеше и се обидов да се спасам. Излегов од колата и бегав, изјавува докторката Валентина Галбусера за Ла стампа.

Оставки и одговорност

Министерот за транспорт, Данило Тонинели го повика раководството на Autostrade per L’Italia, која го надгледува одржувањето на мостот, да поднесе оставка, бидејќи не успеале да ги исполнат своите обврски. Тој рече дека компанијата треба да биде казнета со одземање на оперативната лиценца.

Од компанијата одговорија дека го надгледувале мостот квартално, како што било предвидено.

Јавното обвинителство во Џенова веќе отвори истрага за можно убиство поради негрижа. Главниот обвинител смета дека се работи за”човечката грешка”.

Министерот за внатрешни работи, Матео Салдини, рече дека “секој кој ќе биде прогласен за виновен за оваа катастрофа ќе  биде казнет”, а премиерот Џузепе Конте рече дека не смее да се дозволи повторно да се случи уште една трагедија како оваа.

Дали безбедносните предупредувања биле игнорирани?

Трагедијата со Моранди го актуелизира она за што долго време се дебатира во јавноста – инфраструктурата.

Ова, според Кориере дела Сера е петтиот мост што се урива во Италија за пет години.

Во декември 2012 година, градскиот совет во Џенова дискутираше за состојбата на мостот Моранди на јавна расправа за тоа како да се прошири локалната транспортна инфраструктура. Тогаш официјален претставник на локалната индустриска конфедерација кажа дека мостот  Моранди би можел да се урне “за 10 години”.

Во 2016 година, градежниот инженер Антонио Бренчих посочи на “грешки во овој мост”.

Премиерот Конте најави дека целата инфраструктура низ целата земја ќе биде двојно проверена.

Но сè уште не е јасно што се случи со Моранди. Во времето на трагедијата имало поројни дождови, а еден официјален претставник рече дека мора да се испитаат можни удари од гром.

Огромна кула и делови од мостот – во должина од околу 200 метри, вчера се урнаа врз железничката пруг, реката и магацини. Во 2011 година компанијата која го одржуваше мостот
Autostrade per l’Italia призна мостот е подложен на ерозија поради големата фреквенција.

безбедност загинати Моранди МОСТ одговорност Џенова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.