Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италијанско обвинителство: 20 лица се исчезнати во уривањето на мостот

0
By Нова ТВ on August 16, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 16, 2018 13:52

Регионалниот јавен обвинител на Џенова, Франческо Коци денеска соопшти дека 20 лица и натаму се водат како исчезнати по уривањето на надвозникот во близина на овој град во северозападна Италија во вторникот.

– Се уште не е јасна судбината на речиси 20 лица, изјави Коци на прес-конференција во Џенова.

Ова е првпат од несреќата, италијанските власти да соопштат официјална бројка на исчезнати лица.

Во меѓу време италијанската полиција, го корегираше смртниот биланс при несреќата, соопштувајќи на бројот на загинати не изнесува 39, туку 38 лица.

Трет ден по несреќата, спасувачките тимови и денеска продолуваат со потрага по исчезантите под урнатините од надвозникот.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте прогласи денеска вонредна состојба во регионот околу Џенова.

Италијанската компанија Аутостраде пер Л’ Италија, оператор на мостот изрази уверување дека ќе докаже оти ги исполнила обврските од договорот за концесија за работа на тој мост.

Владата во Рим, исто така, повика на оставка на највисокото раководство на компанијата и најави дека ќе побара изрекување на високи казни.

– Во врска со плановите за одземање на концесијата, компанијата  Аутостраде пер Л’ Италија изразува уверување дека ќе биде во можност да докаже оти секогаш коректно ги исполнувала своите обврски како носител на концесијата, се вели во соопштението на компанијата.

– Нашето уверување се базира на  мониторингот и активностите за одржување, кои се спроведуваат во согласност со најдобрите меѓународни стандарди. Во оваа фаза, тоа не е можно да се обезбеди ниту едно сигурно образложение за причините за падот, се додава во соопштението.

 

МОСТ обвинителство Џенова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.