Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Српска отфрли гениоцид во Сребреница, САД ги предупредија

0
By Нова ТВ on August 16, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 16, 2018 14:07

Парламентот на Република Српска го прифати барањето на лидерот на босанските Срби Милорад Додик да се отповика владиниот извештај со кој се потврдува масакрот на повеќе од 8.000 мажи и момчиња, босански муслимани во Сребреница во 1995 година.

Собранието бара да се формираат „две независни меѓународни комисии за утврдување на вистината за страдањето на сите народи на подрачјето на реонот на Сребреница и за страдањето на Србите во Сараево“.

Додик побара од парламентот на Република Српска да го повлече извештајот од 2004 година, составен од претходната влада, која го призна масакрот во Сребреница, најголемото крвопролевање во Европа по Втората светска војна.

Тој рече дека извештајот е пристрасен, бидејќи не ги спомнува српските жртви.

„Многу работи се случија пред и по тие јулски денови во 1995 година во Сребреница кои јасно укажуваат дека тоа злосторство е договорена трагедија која доведе до сатанизација на Србите и остварување на плановите на некои западни држави за префрлање на вината врз српскиот народ“.

Додик, кој се залага за поделба на Босна и Херцеговина, а делот со босанските Срби да влезе во Србија, отсекогаш ги отфрлаше пресудите на Хашкиот трибунал дека во Сребреница бил извршен геноцид.

Критики од САД

Со отфрлањето на Извештајот на Комисијата за Сребреница, Народното собрание на Република Српска се обидува да ја ревидира историјата, што претставува чекор во погрешен правец, оцени американскиот Стејт департмент.

– Меѓународните судови заклучија дека во Сребреница во 1995 година се случил геноцид. Владата на Република Српска во 2004 година усвои Извештај за Сребреници и тоа беше значаен чекор кон помирување во Босна и Херцеговина и кон соочување со фактите од минатото, соопшти Стејт департментот.

Меѓутоа, со отфрлањето и со обидите за дополнување на Извештајот, дел од институците во Република Српска се обидуваат да ги ревидираат фактите од минатите војни, да ја негираат историјата и да ја политизираат трагедијата, смета Стејт департментот.

Во соопштението се оценува дека „трендот на почитување на осудените воени злосторници како херои“ и отфрлањето на нивните злосторства, нема да им помогне на граѓаните на Репиблика Српска и и оти тоа не е во нивни интерес.

– Страшната војна што се сличи во 90-те години не потсетува дека мораме да тежнееме кон стабилна и просперитетна иднина во интерес на сите граѓани, без разлика на етничката или верската припадност, се наведува во реакцијата на Стејт департментот.

Босанските Срби го зазедоа мнозинскиот муслимански град на 11 јули 1995 година, ги заобиколиле муслиманите во Сребреница и убиле повеќе од 8.000 мажи и момчиња.

Трибуналот на ОН за воени злосторства за поранешна Југославија ги осуди воениот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ и неговиот воен командант Ратко Младиќ за масакрот во Сребреница и за други злосторства од војната 1992-1995 година.

Иако Хашкиот трибунал ги означи убиствата во Сребреница како геноцид, Србите никогаш не признаа дека нивните војници го извршиле тоа, а националистичките политичари гледаат на Младиќ и на Караџиќ како на херои.

Инаку, Додик ја има поддршката од Русија за неговите сепаратистички ставови и позиции.

Република Српска САД Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.