НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Готово е кога ќе заврши: Одбојкарите од 2:0 до 2:3 со Украина

0
By Нова ТВ on August 19, 2018 СПОРТ
Фото: cev.lu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од готово – вересија направија македонските одбојкари во вториот настап во квалификациите за Европското првенство во 2019 година. Имаа 2:0 против Украина на домашен терен што, сепак, не беа доволни за триумф и осамнување на лидерската позиција на табелата пред двомечот со Швајцарија. Конечни 2:3 за Украинците, исход што може многу да ги чини „црвено-жолтите“ на крајот на циклусот и покрај освоениот бод вечерва во СРЦ  „Кале“ и двата пред неколку дена во Будимпешта по победата над Унгарија со 3:2.

Македонските одбојкари почнаа како што посакуваа против Украина. На разлика ги освоија првите два сета (27:25, 26:24), но наместо да продолжат во ист стил, дозволија пресврт иако во сите три што следуваа имаа позитива во најголем дел од нив. Причините можеби лежат во заморот, во предвремената помисла дека работата е завршена или, пак, од издигнување на ривалот. Наредните два ги загубија со 20:25 и дозволија петти сет во кој осоколените гости го добија со 15:12 за втора нивна радост во Ф конкуренцијата по 138 минути игра.

Никола Ѓорѓиев и овојпат беше лидер во националниот тим со 25 освоени поени, Дарко Ангеловски имаше 38 отсто успешност во приемот на противничките сервиси, најдобар на мрежа беше Филип Маџунков со три блока.

Веќе во среда (СРЦ „Кале“), Македонија го дочекува аутсајдерот во групата Ф, Швајцарија, а три дена подоцна во Шененверд ќе следува реванш со истиот противник. Потоа ќе настапи пауза во квалификациите до почетокот на 2019 година за кога се закажани последните два меча во групната фаза. На први јануари е гостувањето во Украина, на деветти, во последното коло, дуелот на домашен терен со Унгарија.

Европското првенство во 2019 година ќе се одржи од 12 до 29 септември во ко-организацијата на Франција, на Белгија, на Словенија и на Холандија.

Одбојка (м) – квалификации за ЕП 2019

Група А, 2 коло

Данска – Финска 1:3 (19:25, 25:17, 21:25, 17:25)

Табела: Финска 3 (-1), Романија 2 (-1), Данска 1.

Група Б, 2 коло

Летонија – Естонија (недела, 19 ч.)

Табела: Израел 3 (-1), Летонија 1 (-1), Естонија 0 (-2).

Група Ц, 2 коло

Исланд – Молдавија (недела, 18 ч.)

Црна Гора – Словачка (недела, 20.15 ч.)

Табела: Словачка 3 (-1), Молдавија 2 (-1), Црна Гора 1 (-1), Исланд 0 (-1).

Група Д, 2 коло

Хрватска – Португалија 0:3 (18:25, 22:25, 18:25)

Албанија – Австрија (недела, 20 ч.)

Табела: Португалија 6, Австрија 3 (-1), Хрватска 0, Албанија 0 (-1).

Група Е, 2 коло

Норвешка – Грузија 3:0 (25:20, 25:19, 25:13)

Белорусија – Шпанија (недела, 16 ч.)

Табела: Шпанија 3 (-1), Белорусија 3 (-1), Норвешка 3, Грузија 0.

Група Ф, 2 коло

Македонија – Украина 2:3 (27:25, 26:24, 20:25, 20:25, 12:15)

Швајцарија – Унгарија (недела, 18.30 ч.)

Табела: Украина 5, Македонија 3, Унгарија 1, Швајцарија 0.

Група Г, 2 коло

Шведска – Грција 0:3 (20:25, 20:25, 16:25)

Луксембург – Азербејџан 2:3 (28:30, 23:25, 25:23, 25:20, 11:15)

Табела: Грција 6, Азербејџан 4, Луксембург 1, Шведска 1.

Квалификации ЕП 2019 Македонија Одбојка Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.