Демократската унија за интеграција апелира до дијаспората да го искористи правото на глас и да се регистрира за, како што се вели во соопштението, да стане дел на изградбата на заедничкиот сон за целосно интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија.
-Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август: https://dijaspora.sec.mk. Ги покануваме сите оние кои нема да се пријават да гласаат во дијаспора, да дојдат и да го остварат своето право на глас во Македонија на 30-ти септември, се вели во соопштението.