Рутински три бода за Реал Мадрид во увертирата на новата сезона во Примера. „Кралскиот“ клуб го совлада Хетафе со 2:0 со головите на Дани Карвахал во 20. минута и на Герет Бејл во 50. минута по асистенција на Марко Асенсио.
Импресивен старт во шпанскиот шампионат и на фудбалерите на Севилја кои славеа на гостувањето кај Рајо Валјекано со 4:1. Прво име во мечот беше Андре Силва кој постигна хет-трик (15. минута, 31. минута, 45. минута). Триумф со три гола разлика забележа и Барселона која на „Камп Ноу“ го совлада Алавес со 3:0. Двоен стрелец за Каталонците беше Лионел Меси во 64. минута и во 90+2 минута, во меѓувреме реализира и Филипе Кутињо во 83. минута.
Колото ќе биде комплетирано вечерва (понеделник) со дуелите Валенсија – Атлетико Мадрид од 20 ч. и Атлетик Билбао – Легањес од 22 ч.
Примера, 1 коло
Реал Мадрид – Хетафе 2:0
Рајо Валјекано – Севилја 1:4
Еибар – Уеска 1:2
Барселона – Алавес 3:0
Вилјареал – Реал Сосиедад 1:2
Селта – Еспањол 1:1
Бетис – Леванте 0:3
Валенсија – Атлетико Мадрид (понеделник, 20 ч.)
Атлетик Билбао – Легањес (понеделник, 22 ч.)