НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Миланов: Љупчо Димовски не повикувал – била вообичаена гестикулација

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еленко Миланов, бранител на Игор Дурловски, Мунир Пепиќ и Љупчо Димовски, на денешното рочиште за настаните од 27 април кажа дека тие не се винови и оти ќе докаже дека немаат никакво кривично дело.

– Дали присуството на граѓани во Собранието без никаков акт на насилство може да се третира како обид за уривање на уставниот поредок, праша Миланов.

Љупчо Димовски, според него, не презел никакво дејствие, а Игор Дурловски воопшто не бил во групата што се движела и влегла во Собранието, туку дошол половина час по упадот и никого не поттикнувал на насилство. Бил само во пленарната сала каде немало насилство.

За пратеникот Димовски, како што рече Миланов, со снимки од јавни настапи ќе докажува дека не дал наредба да се отворат вратите на Собранието, туку тоа што гестикулираал со рацете го правел постојано.

-За ова судот ќе се увери од снимките што ги доставивме, односно дека тоа го прави махинално и воопшто не е свесен за тоа, рече Миланов.

Според обвинителството, Димовски со одредена гестикулација на рацете им дал знак на некои од сообвинетите да ги отворат вратите на Собранието.

За Пепиќ рече дека ќе докаже оти воопшто не бил во салата 3. На протестот на „За заедничка Македонија“ Пепиќ бил службено како вработен од Агенцијата за разузнавање и следел едно лице. Тоа лице влегло во Собрание па и тој морал да влезе заедно со него.

Денешното рочиште започна со воведни зборови на бранителите.

Тие пред судот го негираа обвинението против нивните клиенти. Бранителите тврдат дека обвинетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство.

Дончо Наков кој е  бранител на обвинетите Љубен Арнаудов, Владо Јовановски и Богдан Илиевски – Бетмен и Абдуљифета Алими, рече дека тие немаат вина и се товарат за искажани зборови односно сториле „тероризам со зборови, а не со дела“.

27.април Еленко Миланов Љупчо Димовски Мунир Пепиќ судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.