Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Продолжуваат воведните зборови на одбраната

0
By Нова ТВ on August 24, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 24, 2018 09:35

Со воведни говори на одбраната во Кривичниот суд во Скопје и денеска продолжува судењето за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Судскиот процес започна во средата кога воведен говор имаше обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите, а продолжи вчера со воведни говори на адвокатите на поголем дел од обвинетите. Покрај за денеска, ново судско рочиште е закажано и за в понеделник.

Обвинителката Русковска во воведниот говор истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, а одбраната тврди дека не постојат докази кои укажуваат на тоа.

Вчера, одбраната започна со воведните зборови, во кои пред судот го негираа обвинението против нивните клиенти. Бранителите тврдат дека обвинетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство.

Дончо Наков кој е  бранител на обвинетите Љубен Арнаудов, Владо Јовановски и Богдан Илиевски – Бетмен и Абдуљифета Алими, рече дека тие немаат вина и се товарат за искажани зборови односно сториле „тероризам со зборови, а не со дела“.

Адвокатот на пратеникот Љупчо Димовски, на Игор Дурловски и на Мунир Пепиќ, во одбраната на своите клиенти праша дали присуството на граѓани во Собранието без никаков акт на насилство може да се третира како обид за уривање на уставниот поредок.

За Димовски, како што рече Миланов, со снимки од јавни настапи ќе докажува дека не дал наредба да се отворат вратите на Собранието, туку тоа што гестикулираал со рацете го правел постојано.

Саша Дуковски, адвокат на Митко Чавков и на Богдан Илиевски оцени и дека обвинението содржи голем број страници, но ништо не кажува.

-Нема докази за тоа што обвинетите се обвинети. За ова дело треба да има директна умисла, рече Дуковски, кој ја доведе во прашање одговорноста на Чавков за насилствата, истакнувајќи дека уште двајца според хиераријата имале одговорност, но никој од нив не е обвинет.

Вкупно обвинети се 33 лица од кои 31  за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две за помагање.  На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Судијката Кацарска закажа вкупно 37 термини за главна расправа и претходно најави дека се очекува на денешното рочиште да завршат воведните говори на одбраната.

27.април судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.