НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српско-косовски преговори: Љаиќ е оптимист, Вучиќ – песимист

0
By Нова ТВ on August 27, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никогаш не сме биле поблиску до решение за косовското прашање, поради одлучноста на клучните луѓе во Белград и Приштина да го решат тој проблем, оцени српскиот вицепремиер Расим Љајиќ.

– Блиску сме, бидејќи по првпат се гледа одлучноста на клучните луѓе во Белград и Приштина да се реши тој проблем и постои начелна согласност околу принципиелно решение. Со оглед дека не ја знаеме содржината на тоа решение и дека за него претстојат преговори, ние сме и многу далеку од конечно решение, појасни Љајиќ.

Тој укажа дека постои отпор и во Белград и во Приштина за да се реши проблемот, а опозицијата и во Косово и во Србија користи исти аргументи. Нивниот аргумент е да се „чекаат подобри околности“.

– Најдобар момент за решавање на косовското прашање беше во 90-те, кога Србија таму имаше суштинска власт. После 1999 година тој маневарски простор е стеснет. Тој проблем досега никој не можел или не сакал да го реши, а ова сега е најсериозен обид да се реши и ќе биде штета ако можноста пропадне, изјави Љајиќ за ТВ Пинк.

Тој вели дека доколку сега би бил во опозиција би ги поддржал напорите на претседателот Александар Вучиќ и би поддржал некој друг да вади „врели костени“.

– Ние сега немаме ништо, а по овие преговори и во Приштина знаат дека Србија ќе добие нешто, изјави Љајиќ.

Тој појасни дека динамиката на процесот ќе зависи од меѓународната заедница која, според него, не е едногласна по тоа прашање.

– Од една страна ги имате Американците и Французите кои велат дека не се „гадливи“ на ниту едно решение доколку такво биде пронајдено, потоа Германија, која е против решенијата кои се во оптек. Нема едногласност за решение и од тоа во голем дел зависи динамиката на овој процес, истакна потпретседателот на српската Влада.

Вучиќ: Јас сум песимист

Српскиот претседател Александар Вучиќ пак вчера потврди дека во петокот во Виена имал состанок со косовскиот претседател Хашим Тачи, со посредство на австрискиот канцелар Себастијан Курц и еврокомесарот Јоханес Хан.

– Се надевам дека ќе бидеме во можност да продолжиме со тие разговори. Не можам да изнесам детали, бидејќи ништо не е договорено, додека се не биде договорено, како што е и мотото на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, објасни Вучиќ на прес- конференцијата во Алпбах заедно со Тачи, претседателите на Австрија и Словенија и комесарот Јоханес Хан.

Вучиќ изјави и дека знае колку ќе биде тешко да се дојде до договор меѓу Белград и Приштина, бидејќи постојат големи разлики меѓу него и претседателот на Косово Хашим Тачи.

– Тоа нема да оди лесно, ниту е едноставно. Двајцата знаеме колку големи се разликите меѓу нас во пронаоѓањето на било какво компромисно решение“ изјави Вучиќ, додавајќи дека Тачи вчера повторно се жалел на него.

– Јас сум секогаш песимист, а мојот песимизам е заснован на реалната состојба, а ако успеаме нешто да смениме, тоа би било добро и јас напорно ќе работам, изјави Вучиќ, додавајќи дека тоа е можно, но и дека неможе да каже дали е и реално.

Тој констатираше дека секој договор ќе биде тежок за Србија, но дека нема да биде „понижувачки.“

Доколку сите од ЕУ не го поддржат договорот, до него нема ни да дојде.

Суштината на заложбите на дел од меѓународната заедница, која се спротивставува на менувањето на границите меѓу Србија и Косово е да и порача на Србија дека Косово е целосно изгубено и дека доколку се обиде да добие нешто, тогаш го добива епитетот на „лошото момче“  кое ќе биде спречено во намерата.

Тој истакна дека чувствува замор од објаснувањата на секојдневно ниво, да Србија нема да го загрози територијалниот интегритет на Хрватска, БиХ или на било која друга земја во регионот.

Тачи: Се противам на етнички граници, но не сум наивен

Претседателот на Косово Хашим Тачи во интервју за Јуропиан Вестерн Балканс, одговарајќи на новинарско прашање, што точно значи „територијална корекција меѓу Србија и Косово“, и дали тоа подразбира размена на територии, па дури и поделба вели: „Се противам на етнички границ, но не сум наивен“.

Тој истакнува дека поглавјето на конфликт со Србија мора да се реши на траен и одржлив начин, и тоа дека статус кво не е веќе одржлив.

-Знам дека на Србија и одговара да не се брза со неизбежното признавање на Косово. Би сакале да задржат статус кво, но тоа веќе не е можно. Значи, мора да го дефинираме овој билатерален однос, да ја дефиираме границата и мора да завршиме со Косово во ОН, вели Тачи во интервјуто.

ЕК се согласува со корекција на границата

Брисел би требало да го прифати договорот меѓу Србите и Албанците со кој би се решил долгогодишниот проблем со Косово, изјави европскиот комесар Јоханес Хан, пренесе Еуроактив.

– Се работи за билатерално решение што не може да се користи како пример за други прашања, изјави топ во Виена, јави Танјуг.

Во анализата Еуроактив се наведува дека намерата на комесарот Хан е со таа изјава да отфрли стравувања дека какво било менување на граници на Балканот може да покрене нови проблеми во тој регион.

Белград и Приштина мораат да ги нормализираат односите за да се квалификуваат за членство во ЕУ, а оној момент кога ќе се постигне договор, тој би требало да биде почитуван од страна на сите членки на Унијата, додал Хан.

Постигнувањето на договорот во дијалогот Белград – Приштина со кој посредува ЕУ, Хан го опишал како „геополитичка неопходност“ и потсетил на обврската ЕУ да се грижи за европските држави не препуштајќи таква улога на трети држави во светот.

Наредната рудна разговори меѓу Приштина и Белград е закажана за 7 септември.

Вучиќ Косово Љаиќ преговори Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.