Импресивен вовед во Ју-Ес опен на Роџер Федерер. Осум години по последната, петта, освоена титула во Њујорк, Швајцарецот го совлада Јошихиро Нишиока од Јапонија со 6:2, 6:2, 6:4 и закажа дуел со Беноа Пер.
Сет повеќе од него одигра Новак Ѓоковиќ кој со 6:3, 3:6, 6:4, 6:0 го елиминира Мартон Фусовиц од Унгарија. Нареден ривал на Србинот во Њујорк ќе биде Швеѓанецот Томас Сандгрен.

Пласман во второто коло обезбеди и Рафаел Надал. Водечкиот светски рекет одигра нецели два сета во шпанската пресметка во првото коло од причина што неговиот сонародник Давид Ферер беше принуден да предаде поради повреда на раката. Пред Надал е натпревар со Канаѓанецот Васек Поспишил.

Од топ 10. носители на машкиот турнир на Ју-Ес опен со пораз на стартот се соочи само осмиот, Григор Димитров од кого подобар беше Стен Вавринка со 6:3, 6:2, 7:5. Сите други го пребродија првите пречки на последниот гренслем во сезоната – Дел Потро (3 носител), Александар Зверев (4), Андерсон (5), Чилиќ (7), Тим (9) и Гофан.
Венус Вилијамс загуби сет, Серена Вилијамс само четири гемна, а Халеп меч
Сестрите Вилијамс се пробија во второто коло на Ју-Ес опен. Венус славеше над Светлана Кузнецова, во меч што некогаш беше финале, со 6:3, 5:7, 6:3 и следна што ќе биде наспроти неа е Италијанката Камила Џорџи.

Серена, пак, ` препушти само четири гема на Магда Линет од Полска. Конечни 6:0, 6:4 за Американката кој ќе брка трето коло преку Карина Витхефт од Германија.

Симона Халеп запиша неславен рекорд на Ју-Ес опен. Романката стана прва тенисерка во историјата на турнирот што претрпе пораз во воведниот меч во Њујорк каде отпатува како водечка на ВТА листата. За тоа се погрижи Естонката Каја Канепи која триумфира со 6:2, 6:4.

Од носителките, покрај неа, со елиминации во првото коло се соочија уште Коко Вандевеј од САД (24 носителка), Русинкара Анастасија Павлјученкова (27) и Магдалена Рибарикова од Словачка (31).
Ју-Ес опен, 1 коло, резултати
Мажи
Надал (1., Шпанија) – Ферер (Шпанија) 6:3, 3:4 (Ферер го предаде мечот)
Федерер (2., Швајцарија) – Нишиока (Јапонија) 6:2, 6:2, 6:4
Дел Потро (3., Аргентина) – Јанг (САД) 6:0, 6:3, 6:4
А. Зверев (4., Германија) – Полански (Канада) 6:2, 6:1, 6:2
Андерсон (5., Ј. Африка) – Харисон (САД) 7:6, 5:7, 4:6, 6:3, 6:4
Ѓоковиќ (6., Србија) – Фусовиц (Унгарија) 6:3, 3:6, 6:4, 6:0
Чилиќ (7., Хрватска) – Копил (Романија) 7:5, 6:1, 1:1 (Копил го предаде мечот)
Вавринка (Швајцарија) – Димитров (8., Бугарија) 6:3, 6:2, 7:5
Тим (9., Австрија) – Башиќ (БиХ) 6:3, 6:1, 6:4
Гофан (10., Белгија) – Гајо (Италија) 6:2, 6:4, 7:6ж
Изнер (11., САД) – Клан (САД) 7:6, 6:3, 6:4
Карењо Буста (12., Шпанија) – Жазири (Тунис) 7:5, 6:2, 6:2
Шварцман (13., Аргентина) – Делбонис (Аргентина) 6:2, 7:6, 6:2
Фоњини (14., Италија) – Мо (САД) 4:6, 6:2, 6:4, 7:6
Циципас (15., Грција) – Робредо (Шпанија) 6:3, 7:6, 6:4
Лоренци (Италија) – Едмунд (16., В. Британија) 4:6, 6:4, 7:5, 6:1
Пуј (17., Франција) – Маден (Германија) 7:6, 6:2, 7:5
Сок (18., САД) – Андреоци (Аргентина) 6:0, 7:6, 6:2
Кублер (Австралија) – Баутиста Агут (19., Шпанија) 6:3, 6:3, 6:4
Чориќ (20., Хрватска) – Маер (Германија) 6:2, 6:2, 5:7, 6:4
Нишикори (21., Јапонија) – Мартерер (Германија) 6:2, 6:2, 6:3
Бенето (Франција) – Чекинато (22., Италија) 2:6, 7:6, 6:3, 6:4
Чунг (23., Ј. Кореја) – Беранкис (Литванија) 4:6, 7:6, 6:0, 2:0 (Беранкис го предаде мечот)
Лајовиќ (Србија) – Џумхур (24., БиХ) 3:6, 6:1, 6:3, 6:4
Раониќ (25., Канада) – Берлок (Аргентина) 7:6, 6:4, 1:6, 6:3
Гаске (26., Франција) – Сугита (Јапонија) 6:3, 6:1, 6:3
Хачанов (27., Русија) – Рамос Винолас (Шпанија) 6:3, 6:2, 6:3
Шаповалов (28., Канада) – Оге Алисим (Канада) 7:5, 5:7, 4:1 (Оге Алисим го предаде мечот)
Тифо (САД) – Манарино (29., Франција) 6:1, 6:4, 4:6, 6:4
Кирјос (30., Австралија) – Албот (Молдавија) 7:5, 2:6, 6:4, 6:3
Вердаско (31., Шпанија) – Лопез (Шпанија) 6:2, 7:5, 6:4
Ебден (Австралија) – Крајиновиќ (32., Србија) 7:6, 6:7, 4:6, 6:1, 4:1 (Крајиновиќ го предаде мечот)
Жени
Канепи (Естонија) – Халеп (1., Романија) 6:2, 6:4
Возњацки (2., Данска) – Стосур (Австралија) 6:3, 6:2
Стивенс (3., САД) – Родина (Русија) 6:1, 7:5
Кербер (4., Германија) – Гаспарјан (Русија) 7:6, 6:3
Квитова (5., Чешка) – Викмаер (Белгија) 6:1, 6:4
Гарсија (6., Франција) – Конта (В. Британија) 6:2, 6:2
Свитолина (7., Украина) – Викери (САД) 6:3, 1:6, 6:1
Ка. Плишкова (8., Чешка) – Дијаз (Казахстан) 6:4, 7:6
Гергес (9., Германија) – Калинскаја (Русија) 6:2, 6:7, 6:2
Остапенко (10., Летонија) – Петковиќ (Германија) 6:4, 4:6, 7:5
Касаткина (11., Русија) – Бабош (Унгарија) 6:4, 5:7, 6:4
Мугуруза (12., Шпанија) – Жанг (Кина) 6:3, 6:0
Бертенс (13., Холандија) – Кр. Плишкова (Чешка) 6:0, 7:5
Мертенс (15., Белгија) – Нара (Јапонија) 6:2, 6:7, 7:5
В. Вилијамс (16., САД) – Кузнецова (Русија) 6:3, 5:7, 6:3
С. Вилијамс (17., САД) – Линет (Полска) 6:4, 6:0
Барти (18., Австралија) – Жабер (Тунис) 6:1, 6:3
Севастова (19., Летонија) – Векиќ (Хрватска) 6:2, 2:6, 6:3
Осака (20., Јапонија) – Зигмунд (Германија) 6:3, 6:2
Стрицова (23., Чешка) – Лао (САД) 6:3, 6:4
Флипкенс (Белгија) – Вандевеј (24., САД) 6:3, 7:6
Гаврилова (25., Австралија) – Сорибес Тормо (Шпанија) 6:0, 6:0
Сабаленка (26., Белорусија) – Колинс (САД) 6:0, 4:6, 6:4
Петерсон (Шведска) – Павлјученкова (27., Русија) 1:6, 6:4, 6:3
Цибулкова (29., Словачка) – Рус (Холандија) 4:6, 6:2, 6:3
Суарез Наваро (30., Шпанија) – Гибс (САД) 5:7, 6:3, 6:4
Ванг (Кина) – Рибарикова (31., Словачка) 6:2, 6:2
Сакари (32., Грција) – Мохамад (САД) 6:3, 6:3