НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ не се изјаснува за референдумот-кампањата е своеволна

1
By Нова ТВ on August 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката група на ВМРО-ДМПНЕ испратила известување до претседателот на Собранието Талат Џафери во кое посочува дека одлуките на Владата за пренамена на средства од буџетите на определени институции, како и дополнителните префрлања од владини институции на Собранието на Република Македонија за финансирање кампањи е своеволна и не е од интерес на граѓаните на РМ.

– Без разлика на тоа каков би бил ставот кој се рекламира, цениме дека тие средства треба да бидат наменети за реализација на проекти од кои има реален интерес. Соодветно средства кои се планираат за пренамена од образование треба да се за изградба на училишта. Оние од земјоделие за помош на земјоделците или, пак, тие од одбраната за соодветно опремување на војниците. Токму со вакви предлози веќе излезе и ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на тоа финансирање на своеволна кампања од власта со буџетски средства на граѓаните е погрешна одлука. Тие средства никој не им одобрил на пратениците од власта или нивните функционери да ги трошат за себерекламирање, се вели во известувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во неа тие додаваат дека оправдувањето оти средставата би биле за медиумска кампања за поддршка на референдумот се неосновани и дополнително ја девалвираат способноста на граѓаните сами да проценат за придобивките од договорот со Грција, како и за поврзаноста со европските стандарди и принципи.

– Ги повикуваме Владата и нејзините пратеници да се откажат од средствата за себерекламирање под превезот на референдум. Тие да ги насочат кон конкретни проекти во реалниот сектор. А информирањето за различни видувања околу можните исходи и последици да бидат предмет на бројни медиумски соочувања во претстојниот период, како и со јавно споделување на аргументите за опциите што се нудат, се вели во известувањето.

Тоа, се додава во него,  би било во најдобар интерес за зајакнување на демократските капацитети во државата и носење на информирани одлуки во интерес на Република Македонија. 

Во соопштение, пак, што го испрати до медиумите попладнево, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги донираат средствата кои им следуваат за кампања за референдумот.

 – ВМРО-ДПМНЕ средствата за кампања кои не следуваат ќе ги донира, очекуваме тоа да го направат сите политички субјекти. Наместо промоција на штетни договори кои и носат само штета на државата, да направиме нешто полезно за општеството и граѓаните, стои во соопштението од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ кампања референдум Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.