Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада на Германија: Нема промена на границите на Балканот

0
By Нова ТВ on August 30, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 30, 2018 13:40

Владата на Германија не го сменила ставот за неменливост на границите на Западен Балкан, кој канцеларката Ангела Меркел јавно го искажа на 13 август, говорејќи за територијалните разграничувања. Таа истиот став го повтори и во разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, се наведува во одговорот на германската Влада за црногорскиот весник „Побједа“.

„Канцеларката Меркел повтори дека територијалниот интегритет на државите од Западниот Балкан е воспоставен и е неповредлив. Ова е и понатаму став на Сојузната Влада. Владата силно ги поддржува напорите на ЕУ во посредувањето за постигнување на одржливо решение меѓу Србија и Косово“, се потенцира во изјавата на германската Влада за весникот „Побједа“.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по средбата на државниот врв на Косово што се одржа утрово во косовското Собрание, им изјави на новинарите дека е постигнат договор во Брисел да не се расправа за размена на територии меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На ненајавениот состанок се собраа членовите на делегацијата која пред неколку недели оствари официјална посета на Брисел, во состав Харадинај, претседателот на Косово Хашим Тачи, собранискиот спикер Кадри Весели и вицепремиерите Беџет Пацоли, Фатмир Лимај и Дардан Гаши.

Фактот дека германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за Косово и што дадоа поддршка за разговорите кои водат кон решавање на ова прашање е голем исчекор и доказ дека работите се промениле и тоа во корист на Србија, изјави за „Блиц“ шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

– Голем исчекор е во прашање и доказ дека работите се промениле. Сепак, тешка борба ни престои, а од тие на кои треба и понатаму да се влијае, најважна е Германија, кажа Дачиќ.

Тој ја коментираше изјавата на Хашим Тачи дека се спротиставува на етничките граници, оценувајќи дека Тачи не е наивен и дека знае оти на „Србија не и се брза со неизбежното признавање на Косово“.

– Приштина ја изгуби поддршката, нема веќе став дека се е решено. Тие тоа никако да го сфатат, па затоа и така трагично ги доживуваат овие изјави од светот, како и повлекувањата на признавањата на Косово, истакна Дачиќ.

Вниманието на српската јавност, според Блиц, предизвикала и изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека е „за почитување на границите”, повикувајќи се на мислењето на Бадинтеровата комисија, за која Дачиќ изјави дека е лицемерна.

– Кога станува збор за Бадинтеровата комисија, таа говори за меѓурепубличките граници, никаде не се споменуваат покраините, така што сите оние што го признаа Косово тоа го направија спротивно на ставот на Бадинтеровата комисија.Тука спаѓа и Хрватска и лицемерно е што тие се повикуваат на таа комисија, изјави Дачиќ.

Германија Косово Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.