Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево пристигна преку преминот Брњак во општината Зубин Поток што е негова прва дестинација од дводневната посета на Косово, јави Танјуг.
Вучиќ ќе го посети Зубин Поток и потоа и хидроелектраната Газивода. Подоцна ќе замине во посета на Лешк, Лепосавиќ и разговори со политички претставници на Србите во Косово во Звечан.
За утре се очекува Вучиќ да посети делови од централно Косово, и на крај ќе се обрати пред граѓани во Косовска Митровица.
Посетата на српскиот претседател на Косово со денови предизвикува тензии во односите меѓу Приштина и белград, особено поради инсистирањето тој да ја псоети браната Газивода, на што косовските власти се противеа. Делумно тоа беше причина што Вучиќ вчера во Брисел, на продолжение на дијалогот, се сретна само со еврокомесарката Могерини, но не и со косовските претатвници.
Сепак, како што објавија приштинските медиуми, под притосок на САД, косовските власти дозволиле Вучиќ да го посети Газивода.