Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во тензична атмосфера: Српскиот претседател во посета на Косово

1
By Нова ТВ on September 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 8, 2018 08:51

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе почне денеска дводневен престој на Косово со  посета на браната Газивода и Зубин Поток, јави Танјуг.

Во своето обраќање синоќа Вучиќ ги наведе сите како што ги нарече опструкции и притисоци во последните денови кои доаѓаа од Приштина, а меѓу нив ги спомена притисоците врз партијата Српска листа во Приштина за изгласувањето на Фатмир Љимај за член на косовскиот преговарачкиот тим во дијалогот со Србија, за кој Вучиќ кажа дека постојат сериозни обвинувања за воени злосторства.

Тој како притисоци ги окарактеризира и вчерашното спречување на директорот на Канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ да го посети Косово, обидот да се спречи неговата посета на езерото Газиводе, како и заканите за апсења и медумската кампања против него.

Како што кажа српскиот претседател поради тоа што неговата цел е мир и за решавање на српско – албанскиот судир и на косовскиот проблем, бриселскиот дијалог ќе продолжи, но поради обврските тој нема да се одржи во септември, како што најавија од Европската унија, туку наредниот месец.

– Запирањето на овој процес би бил катастрофален и за Србите и за Албанците, изјави Вучиќ

Тој најави дека за викендов ќе го посети и Газивода, Звечан и Косовска Митровица каде ќе одржи, како што наведе „значаен говор“.

Доцна попладнето е предвидена средба со политички претставници на Србите од Косово.

Косовската полиција не дозволува посета на Газивода

Полицијата на Косово вчера најави дека нема да му дозволи на Вучиќ да го посети поделеното езеро Газивода.

Директорот на косовската полиција Рашит Ќаљај изјави дека во случај Вучиќ утре да допатува во Косово, полицијата само ќе ги спроведе упатствата од Владата.

– Полицијата на Косово ќе биде таму. Полицијата на Косово нема да дозволи да се прекрши ставот на Владата, изјави Ќаљај за порталот калѕо.цом (kallxo.com). Тој додаде дека „ќе се преземат сите предвидени мерки“ за посетата на српскиот претседател.

– Планот на полицијата е изготвен во согласност со агендата на Владата, која одби само една точка од барањето на Вучиќ. Ова за Полицијата на Косово нема да биде предизвик, бидејќи таа веќе го има подготвено планот за посетата на Вучиќ, изјави Ќаљај.

Тоа барање од српска страна беше одбиено од косовското Министерство за надворешни работи како „неосновано“, со оглед дека, како што изјави министерот Беџет Пацоли, таму нема ниту урбана населба, ниту население.

Притисокот од САД

Но приштинските медиуми јавуваат дека под притисок на САД, приштинската влада одлучила сепак да му овозможи на српскиот претседател Александар Вучиќ и посета на браната Газивода.

Според приштински медиуми до промена на ставот дошло по предлог на САД до приштинските институции за да „нема тензии меѓу двете држави“.

Во извештајот на медиумите во Приштина се додава дека планот за посета на претседателот на Србија е одобрен во согласност со барањата и со „Правилата за посета на високи официјални лица предвидени со договор од Брисел“.

Според извори на Коха, претставници на косовските институции во текот на денот ќе бидат во контакт со западни партнери во врска со таа одлука.

Вучиќ вчера во Брисел одби да се сретне со неговиот косовски колега Хашим Тачи, а една од причините што ја наведе шефот на српската Канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ беше и одбивањето на дозволата за посета на Газивода.

Ѓуриќ на новинарите во Брисел им изјави дека посетата на Вучиќ на Косово веројатно нема да се реализира, а доколку сепак реши да отпатува, тогаш „низ Косово ќе се движи секаде каде што ќе посака“. Тој најави дека конечната одлука во врска со посетата ќе биде соопштена вечерва, за кога Вучиќ најави обраќање до нацијата.

Зошто е значајно Газивода

Тоа езеро и хидроцентралата, како и трафо-станицата Валач се клучни енергетски ресурси на северот на Косово во сопственот на српското Електростопанство. Според проценките, Газивода има приходи од десетина милиони евра годишно.

Дел од неговиот систем е и каналот Ибар-Лепенец кој е витален за цело Косово, почнувајќи од снабдувањето со вода, до наводнувањето и ладењето на Термоелектраната „Обилиќ“. Доколку едната страна ги запре славините, тоа практично би го парализирало енергетскиот систем на Косово.

Албанската страна во текот на јуни го доведе под прашање техничкиот дијалог бидејќи инсистираше на примена на енергетскиот договор, додека српската страна го форсираше воспоставувањето на Заедница на српски општини. Доколку енергетиката е точка број еден, Газивода е клучен дел од таа загатка.

Брисел Вучиќ Газивода Косово посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.