НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести на Косово поради посетата на Вучиќ-нема дозвола за Дреница

0
By Нова ТВ on September 9, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку стотина Албанци, меѓу кои и ветерани на ОВК, утринава го блокираа патот со багери и шлепери кај селото Трнава кон селото Бањица во општина Србица, а во Трнава се слушнале истрели, објави српската државна телевизија РТС.

Станува збор за рутата по која српскиот претседател Александар Вучиќ требаше денеска да помине. Патот бил блокиран и со неколку камиони. Демонстраните носеле транспаренти против посетата на Вучиќ на Косово.

Општината Србица е целосно населена со Албанци, а во селото Бањица се наоѓаат околу 300 српски куќи.

Српскиот претседател, коментирајќи ги протестите изјави дека „работите треба да се решаваат со зборови и ум, а не со оружје“.

– Уште посилно сум определен за зачувување на мирот и српските институции и народот на Косово, додаде Вучиќ во Косовска Митровица.

Тој утринава ја продолжи својата посета на Косово со обиколка на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица. Потоа ќе ја посети локацијата за проектот на населбата Сончева долина, а ќе ги посети и Србите во селото Бањица.

Попладне ќе им се обрати на косовските Срби на собир во Косовска Митровица, што ќе биде централен настан за време на неговата дводневна посета на Косово.

Вучиќ не може во Дреница од безбедносни причини

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај претпладнево објави дека ја повлекол дозволата дадена на српскиот претседател Алекдандар Вучиќ за посета на регионот Дреница, јави МИА од Приштина.

– Безбедноста на граѓаните е над се. Ја повлеков дозволата издадена од Министерството за надворешени работи за посета на српскиот претседател на регионот на Дреница. Одлуката стапува на сила веднаш, објави Харадинај на Фејсбук.

Одлуката на Харадинај уследи по протестот на неколку стотици ветерани на Ослободителната војска на Косово и жители на Скендерај (Србица) и другите населени места од регионот, кои со камиони и дрва го блокираа патот низ кој треба да помине Вучиќ за да го посети тамошното село Бање, населено со Срби.

Според медиумите, повеќето од демонстрантите се вооружени, а се слушнале и истрели од огнено оружје.

Вучиќ ја коментираше изјавата на Меркел во Скопје

Вучиќ вчера ја посети браната на езерото Газивода, од каде ја започна дводневна посета на српските заедници во Косово. Тој рече  дека длабочината и тежината на несогласувањето меѓу Србите и Албанците најдобро може да се види на тоа место, особено што токму неговата вчерашна посета беше овозмоѓена со интервенција на  меѓународната заедница, бидејќи косовските власти не дозволуваа.

– Браната Газивода е изградена во 1981 година, и е од голема важност за Србите и Албанците.Поголем дел од Метохија добива вода од тука, како и Приштина во текот на летото. Езерото е од големо значење за нас, бидејќи без Газивода нема преживување на луѓето во Ибарски Колашин и Зубин Поток, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија инвестирала речиси 128 милиони динари во реконструкцијата на браната Газивода и најави дека до крајот на септември ќе бидат обезбедени уште 12 милиони динари за таа намена

На прашање на новинари за негативниот став на германската канцеларка Ангела Меркел за идејата за разграничување, Вучиќ рече дека неговата сила е минимална во споредба со неа, но дека ќе стори се за решавање на косовскиот проблем.

Тој во ово контекст упати прашање до неа, зошто ваквата идеја не важела во 2008 година, кога Косово било одвоено од Србија, а сега во 2018 кога станува збор за територија на Косово, би важела.

Вучиќ Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.