Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите почнаа кампања за референдумот, само ВМРО ДПМНЕ се уште нема став

0
By Нова ТВ on September 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 11, 2018 08:19

Кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември се интензивира. Собранието, како овластен предлагач, од вчера ја почна кампањата со објави во некои медиуми, исто како и ДПА, Беса и Алијанса на Албанците.

Иако 10 септември беше посочуван како датум кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопшти ставот во врска со референдумот, тоа не се случи. Од партијата посочија денеска ќе има состанок на Извршниот комитет и дека се разговара за прашањето за референдумот, но не само за него, и оти штом ќе биде изграден, ставот ќе биде соопштен.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на почетокот на август во телевизиско интервју рече дека до 10 септември ќе го соопшти партискиот став за референдумот на 30 септември.

– Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема став по ова прашање. Во минатото во многу наврати го има кажано и повторено својот став што се однесува на принципот за промена на Уставот, а со цел промена на уставното име, рече тогаш Мицкоски.

Сепак, некои членови на партијата веќе ги соопштија своите лични ставови дека ќе го бојкотираат или дека ќе гласаат на референдумот, и кои се нивните видувања за промената на името кое се доведува во контекст на евроинтеграциите.

Во рамки на Коалицијата, но и преку партиски и активности на пратениците, и СДСМ и ДУИ секојдневно на терен спроведуваат кампања зошто треба граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат „за“.

ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците повикаа „ЗА“

Во кампањата се приклучија и помалите партии на Албанците ДПА, Беса и Алијанса за Албанците.

Под мотото „Чекор напред ЗА НАТО и ЕУ“,  ДПА вчера од Чаир ја започна кампањата за референдумот од Старата скопска чаршија.

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села го повика членството да гласа „за“ ЕУ и НАТО на претстојниот референдум.

– На 30 септември Албанците нема да дозволат повторно да се воспостави ѕид што ќе ги дели Албанците кои живеат на Балканот, на две различни страни, како што беше во период од над 50 години за време на комунизмот, потенцираше Села.

Алијансата за Албанците во претстојниот период ќе одржува дебати со граѓаните со цел да си го кажат мислењето. Кампањата ќе ја реализираат под мотото „За НАТО и за ЕУ“, а формирани се 27 општински и локални штабови.

И „Беса“ на Билал Касами вчера преку прес-конференција соопшти дека ќе го поддржи претстојниот референдум и дека ќе го мотивира албанското население што помасовно да излезе на 30 септември и да гласа „за“.

– Бидејќи референдумот и уставните промени се дел од истиот процес, но во две различни фази, ние во оваа фаза понудувајќи ги потребните аргументи, ќе го мотивираме албанското население што по масовно да излезе на 30 септември и да гласа „ЗА“ на денот на гласањето, додека едно од нашите ветувања е дека во втората фаза, односно отворањето на уставните измени е дека ќе се ангажираме во согласност со нашите програмски определби и очекувањата на албанското население барањето за прецизно утврдување на терминот од „20 проценти“ да се замени со „албански” и „албански јазик”, изјави Аријанит Хоџа од „Беса“.

Слоганот под којшто ќе настапува „Беса“ е  „ДА за НАТО и ЕУ како Албанец, а не како процент”. Во следните 20 дена планираат да одржат средби со граѓани на кои ќе ги презентираат придобивките од влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

Истовремено се одвива и кампњата на караванот против референдумот кој од град во град ги повикува граѓаните да го бојкотираат референдумот на 30 септември.

Што ќе одлучи ВМРО ДПМНЕ

Од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека денеска на седница на Извршен комитет ќе го дефинираат ставот за референдумот – дали ќе повикаат на бојкот или да се гласа против Договорот.

Партискиот претседател Христијан Мицкоски по средбата со Меркел кажа дека во текот на оваа недела партиските тела ќе ја донесат конечната одлука. Мицкоски не кажа што точно му рекла Меркел, но дипломати коментираат дека германската канцеларка зборува „без ракавици“.

Поранешниот амбасадор во Германија Ѓорѓи Филипов во изјава за НОВА вели дека, по посетата на Меркел, очекува оти ВМРО ДПМНЕ нема да повика на бојкот.

Ѓорѓи Филипов екс амбасадор во Германија

„Мислам дека ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија која застапува огромен дел од гласачкото тело и дека ќе донесе правилна одлука – дека ке го повика гласачкото тело да постапи според своето убедување, односно нема да го повика гласачкото тело на бојкот“, вели Филипов.

„Европските политичари доаѓаат во Македонија затоа што ние сме се декларирале дека сакаме да бидеме членка на ЕУ, тие сакаат да видат кој им доаѓа во семејството и дали гласачкото тело е заинтересирано за приклучување во ЕУ“, коментира Филипов.Тој верува дека пораките од европските политичари кои деновиве ја посетија Македонија стигнале и до гласачите и вели дека вакви посети не треба да изненадуваат.

ВМРО-ДПМНЕ кампања референдум Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.